Мицотакис најави модернизација и надградба на безбедноста на грчката железница

April 28, 2025
1 min read

Огромната иницијатива за модернизација на грчката железница продолжува и се забрзува, користејќи ги и европската помош и нашите сопствени лекции научени од реструктурирањето на други компании во криза, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница на која акцентот беше ставен на новиот закон за безбедноста и модернизацијата на грчката железница, јави дописничката на МИА од Атина.

Новиот закон за модернизација на железницата, доаѓа нешто повеќе од две години по железничката несреќа кај Темпи во која загинаа 57 лица.

Мицотакис на почетокот на владината седница посочи дека „драстичното подобрување на нивото на безбедност и квалитет на возовите во земјата е еден од најклучните владини приоритети“ и истакна дека за 15 месеци, колку што е и крајниот рок, грчката железница ќе има целосно компјутерско управување, сигнализација, како и автоматско сопирање, односно Европски систем за контрола на возовите (ETCS).

– Овој специфичен систем, ETCS, што ги забавува или дури ги запира возовите кога се прекршени сообраќајните правила, веќе е успешно тестиран и до следниот септември ќе биде инсталиран на секој воз што сообраќа на централната железничка линија во земјата, објасни Мицотакис.

Дополнително најави дека ќе биде воведена нова платформа наменета за граѓаните преку која ќе се следи времето на сообраќај на возовите.

Мицотакис истакна дека Владата има за цел да донесе „нова култура на безбедност и професионализам на сите нивоа“, со строги правила и процедури „што ќе спречат катастрофални пропусти и трагични грешки, така што одговорноста на државата ќе се комбинира секојдневно и со совесноста на самите вработени“.

-Како држава, мораме да дадеме одговор на колективната жалост по Темпи, со суштински борба против причините што ја предизвикаа оваа трагедија. Не со лесни зборови и нејасни сценарија, туку со тешка задача што наскоро ќе донесе видливи резултати. Справувајќи се со железницата како со уште една област со лошото минато, која сакаме еднаш засекогаш да ја оставиме зад себе и докажувајќи им на граѓаните дека имаме сила да свртиме страница од минатото кое длабоко го повреди грчкото општество, рече Мицотакис и додаде дека ќе успеат во тоа, потенцирајќи дека овој успех ќе биде како што ги спровеле во пракса „многу од работите за кои некои инсистираа не можат да се случат во Грција“.

Деталите за новиот закон за железницата се очекува во текот на денот да ги соопшти надлежниот алтернативен министер за инфраструктура и транспорт.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лондон сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 година

Следно

Во Кривичен заврши сведочењето на Палевски, според него мотивот за убиството е нелогичен и недокажан

Latest from Blog

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме

Хаос во Индија: Само што си замина Меси – на теренот летаа шишиња (ВИДЕО)

Посетата на Лионел Меси на Индија беше одбележана со инцидент во Калкута, каде што настана хаос откако незадоволни навивачи влетаа на теренот на стадионот „Солт Лејк“, објавија локалните медиуми. По пристигнувањето во
Go toTop