Мицотакис: Меѓународните договори на Балканот, меѓу кои и Преспанскиот, мора целосно да се спроведуваат

September 27, 2024
1 min read

Време е познатата фраза на Винстон Черчил дека „Балканот произведува повеќе историја отколку што може да консумира“ еднаш засекогаш да ја оставиме во историските книги, порача грчкиот премиер Кирјакос Мициотакис во неговиот говор на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), осврнувајќи се на иднината на Западен Балкан.

Постојат нарушувачи, кои не би сакале ништо повеќе од тоа да предизвикаат нови поделби во овој чувствителен агол на Европа, рече Мициотакис и ја повтори грчката поддршка за европската перспектива на Западен Балкан, но и посочи дека Договорот од Преспа, Дејтонскиот договор и Договорот Белград – Приштина мора да се почитуваат и имплементираат.

Рече дека Грција, како најстара земја-членка на ЕУ во регионот, отсекогаш имала визија за Западен Балкан да биде дел од европското семејство, „визија која ќе ги намали тензиите и конфликтите и ќе ги вгради владеењето на правото и основните слободи, поттикнувајќи развој и просперитет за народите“.

Посочи дека „имаше напредок, но не беше доволен“, а 21 година по Солунската агенда „остануваат значајните предизвици“.

„Дозволете ми да бидам многу искрен, земјите од Западен Балкан треба да донесат дефинитивна одлука да го остават зад себе трауматичното наследство од минатото. И политичкото раководство на Западен Балкан треба, со дела, да избере да ја прифати својата европска иднина. Преку подобрување на демократското владеење, консолидирање на владеењето на правото и слободата на изразување, спроведување на тешки внатрешни реформи и многу важно посветеност на добрососедските односи. За заживувањето на националистичките наративи и агенди не треба денес да има место во регионот што е на прагот за членство во ЕУ. Да почнеме со основите работи, меѓународните договори мора да се почитуваат и имплементираат целосно и со добра волја, без разлика дали зборуваме за Дејтон, или за Преспа или за договорите Белград-Приштина“, порача Мицотакис, а јави дописничката на МИА од Атина.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски по средбата со Орбан: Денешните средби го потврдуваат нашето стратешко сојузништво

Следно

СПОРТСКАТА САЛА „ПАРТИЗАН“ ВО ЧАИР ЌЕ СЕ ВРАТИ ВО ФУНКЦИЈА- Ристовски изврши увид и најави проект за санација

Latest from Blog

Хоџа: Преку партнерство со ЕУ до посилна заштита на природното богатство

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, при што беше потврдена заедничката заложба за заштита и одржлив развој

Божиновска на Денот на македонските инженери: Државата мора да инвестира во знаење и кадар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери,
Go toTop