Мицотакис: Израел треба да ги запре воените операции, ова што се случува во Газа е неоправдано и неприфатливо

May 22, 2025
1 min read

Јасно се залагаме за итен прекин на огнот и целосно враќање на непречениот проток на хуманитарна помош во Газа и немам тешкотии да ви кажам дека ова што се случува во последните недели, во последните денови е неоправдано и неприфатливо. Израел треба веднаш да ги запре овие операции, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за грчкото радио Скај, јави дописничката на МИА од Атина.

-Грција одржува стратешки сојуз со Израел и треба на нашите сојузници да им ја кажуваме вистината. Му имам кажано и директно на г-динот Нетанјаху дека ужасниот напад на 7 октомври не може да ги оправда операциите со непропорционална хуманитарна цена, рече Мицотакис.

Одговарајќи на критиките од опозицијата дека Владата избегнува да го осуди ставот на Израел, Мицотакис посочи дека владината позиција е јасна и дека земјата не молчи, туку Израел треба да ги запре операциите, за да може што поскоро да се врати снабдувањето со хуманитарна помош, храна и лекови.

-Грција воопшто не молчи по ова прашање, ако можеме да играме улога на градител на мостови, имаме намера да го сториме тоа, нагласи грчкиот премиер. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Франција за четири дена уапсени 55 педофили

Следно

Дурмиши им ја нуди Попова Шапка на Саудијците

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop