Мицотакис и Радев го потврдиле стратешко партнерство меѓу Грција и Бугарија

July 2, 2024
1 min read

За билатералните односи и прашања од европски интерес по последниот Европски совет, разговарале грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и бугарскиот претседател Румен Радев на нивната денешна средба во Атина, како што информираа од кабинетот на премиерот на Грција, а паралелно го потврдиле стратешко партнерство меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

На почетокот на средбата Мицотакис рекол дека секогаш имаат многу работи за разговор за регионот, „во услови на важни геополитички предизвици“.

– Но, тоа е и можност уште еднаш, одново да го потврдиме стратешкото партнерство на нашите две земји, кое верувам дека им донесе многу на нашите два народи, нагласил Мицотакис.

Бугарскиот претседател рекол дека „стратешко партнерство создава оска на стратешка соработка“.

– Сè што правиме заедно, Грција и Бугарија, ја одразува безбедноста и стабилноста на нашиот регион, посочил Радев.

Бугарскиот претседател утрово учествуваше на конференцијата на Економист, „28-та годишна тркалезна маса на грчката Влада“, а во неговиот говор се осврна на војната во Украина, истакнувајќи ја важноста на поддршката за Киев и потребата да се активира дипломатијата и дијалогот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трилатерални средби во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина

Следно

Радев: На државниот врв на Република Северна Македонија им недостасува познавање на меѓународното право

Latest from Blog

СВИРЕЖИ И ПОТСМЕВ ЗА ФРИДРИХ МЕРЦ (ВИДЕО)

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се соочи со неодобрувачки извици и потсмев за време на посетата на област погодена од пожари во Хигеланд, во неговото прво јавно појавување по првиот ден назад на

ПУТИН СЕ ОБРАТИ ДО НАЦИЈАТА: „Пандорината кутија е отворена. Очекувајте жесток одговор“

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Украина „ја отворила Пандорината кутија“ со напади врз руската економска инфраструктура и најави руски напади врз најчувствителните економски сектори во Украина, објави Ројтерс во саботата. Украина

Шест години брендираната гардероба на Боки 13, вредна 600.000 евра, ,,скапува” во магацин

Веќе шест години, во еден од магацините на Агенцијата за управување со одземен имот, стои конфискуваната брендирана гардероба на Бојан Јовановски-Боки 13, вредна речиси 600.000 евра. Во овој период луксузната облека ниту
Go toTop