Мицотакис го предложи претседателот на Парламентот Константинос Тасулас за шеф на државата

January 15, 2025
1 min read

Претседателот на грчкиот Парламент Константинос Тасулас е предлогот на Нова демократија за кандидат за претседател на Грција, како што претпладнево, во ТВ порака до граѓаните, соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис рече дека претседателот на државата „треба да има висок авторитет, да биде широко прифатен и секако да има искуство, знаење и почит кон институциите“, но и дека шефот на државата, иако има ограничени извршни овластувања, „тој е симбол на нацијата“.

Владиниот кандидат за претседател на Грција, 65-годишниот Тасулас, кој е член на Нова демократија, беше избран за претседател на Парламентот во 2019 година за време на првиот мандат на Владата на Мицотакис, со рекордни 283 гласа од 300 пратеници и беше реизбран за време на вториот мандат во јуни 2023 година со 249 гласа.

Мицотакис денеска требаше да се сретне со актуелната претседателка Катерина Сакеларопулу, како што соопштија вчера од нивните кабинети, меѓутоа еден час пред средбата, од Премиерската палата информираа дека оваа средба се одложува за следните денови и соопштија дека грчкиот премиер ќе упати порака до граѓаните.

Преку телевизиска порака до граѓаните, Мицотакис и во 2020 година ја соопшти тогашната одлука Катерина Сакеларопулу да биде кандидатка на Нова демократија за претседател на земјата.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Четврто одложување на повтореното судење за модуларната болница

Следно

Мицотакис го предложи Константинос Тасулас за шеф на државата

Latest from Blog

Авион на „Рајанер“ удрил во цистерна на аеродромот во Единбург, патниците евакуирани

Авион на ирската авиокомпанија „Рајанер“, на лет за Португалија, денеска удрил во цистерна за гориво на аеродромот во шкотската престолнина Единбург, поради што патниците биле евакуирани, соопшти портпарол на аеродромот, додавајќи дека

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава, шпекулативно ја отвориле медиуми од Обединетото Кралство, и тоа не само
Go toTop