Мицкоски: Започна изградба на нова спортска сала, ќе продолжиме да градиме и во иднина, тоа го очекуваат граѓаните од нас

August 22, 2024
1 min read

За мене претставува чест и задоволство што денеска сум поканет на овој убав настан, почеток на градба на нова спортска сала која што знам дека ќе ја користат многу дечиња од Општина Петровец и од ова населено место. Честитки до градоначалникот, советниците, до Министерството и министерката, до пратениците од овој регион од овде од Изборна единица 3 што се залагаат, што континуирано предлагаат проекти кои што како Влада ќе ги поддржуваме и во иднина. Така треба да се продолжи, тоа го очекуваат граѓаните од нас да создаваме, да градиме, а не да рушиме.

Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски, кој денеса присуствуваше на поставување на камен-темелник.

-Веќе разликата е евидентна, за нешто помалку од 2 месеци нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија многу од проектите кои во минатото чекаа стануваат реалност.

Уште еднаш честитки до сите и посакувам што повеќе дечиња да ја користат оваа сала, овој спортски објект затоа што со спортот практично се создава убав дух кај секое едно дете, и на тој начин потоа се создаваат би рекол чесни и правилни возрасни личности.

Уште еднаш нека е аирлија, нека е со среќа и нека се множат ваков тип на објекти уште повеќе.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Грција регистрирани вкупно 100 случаи на вирусот Западен Нил, од кои 24 во изминатата седмица

Следно

Петрушевски: СДС лажат и ловат во матно, го спасуваат Пајазити кој е виновен за бегството на Рамадани и сакаат да сокријат скандал дека приведените за убиството кај Мавровка избегале од затвор во нивно време

Latest from Blog

Намален ДДВ, стабилни цени – Владата го ублажи ударот врз граѓаните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната

Гризман продолжува во МЛС и ќе игра за Орландо

фото: rubén (X) Ветеранот Антоан Гризман, и дефинитивно се сели во САД. Некогашниот репрезентативец на Франција ќе ги искористи овие неколку слободни денови, и ќе замине преку Атлантикот за да го комплетира

Празнична посета: Коњановски на средба со муфтијата Расими во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, по повод празникот Рамазан Бајрам, денеска го посети Битолското муфтиство на покана на муфтијата Амит Расими, каде присуствуваше на традиционалната празнична баклава. Коњановски изрази благодарност за
Go toTop