Мицкоски: Заев нудеше живот и ајро, а Венко среќа и салата – бродот кој тоне, сите го напуштаат

October 9, 2025
1 min read

Вчера овде во Центар беа нашите противници и освен што кажаа дека ќе не направеле салата на изборите, друго не понудија. Заев нудеше живот и ајро, а Венко среќа и салата. Вистината е дека ниту среќа ќе донесат, ниту салата ќе не направат, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Центар.

-Знам дека зад тоа простодушно храбрење на сопствените митинзи се крие огромен страв од поразот кој го чека, но еве да му соопштам дека народот салата нив ќе ги направи на овие локални избори. СДСМ е партија на проблеми, го оставиле Венко сам да ја трга маката која, впрочем, сам си ја прифати и создаде. А товарот кој сам си го впрегна на грбот е негов. Тој, а да не кажам и неговиот гуру струмички, ја управуваат СДСМ. Јасно е дека Венко покрај помошта од неговиот гуру, од другите во раководството воопшто нема.  На неговите митинзи со лупа не можете да најдете некој од нивните пратеници во Собранието ниту било кој друг висок функционер затоа што бродот кој тоне, сите го напуштаат, а СДСМ со овие луѓе на чело одамна е во стечај, порача Мицкоски.

Премиерот вели дека СДСМ се нереформирани, во целосна безидејност, кои не извлекоа никаква поука.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уапсен албански навивач, сакал да направи хаос во Лесковац!

Следно

Литванија водеше во Хелсинки, ама Финска на крајот се радуваше на победата!

Latest from Blog

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт

Божиновска: Енергетската безбедност е неопходност, Македонија работи на нови правци за снабдување

Изградбата на гасниот интерконектор со Грција напредува, а завршувањето на македонската делница се очекува до средината на 2027 година. Поврзувањето со Србија е планирано за 2028 година, соопшти министерката за енергетика, рударство

Од каде доаѓа млекото за Млекара „Здравје“

Најголемиот дел од суровото млеко за Млекара „Здравје“ доаѓа од фармата на ЗК „Пелагонија“, а дел се откупува и од сточари во пелагониските и потпелистерските села. Зад млекото што пристигнува во млекарницата

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу
Go toTop