Мицкоски за Онкологија: Има омилена веледрогерија која снабдува милионски суми на лекови, а од друга страна има катастрофални услови каде се аплицираат истите

November 4, 2023
1 min read

реклама


Случајот Онкологија е монструозен скандал во кој e беспредметно да се дава коментар, но мораме да го повторуваме, бидејќи Македонија денеска за жал се соочува со луѓе кои печалеле од маките на граѓаните, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ за време на денешната посета на Прилеп која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависта промените“.

Мицкоски посочи дека партијата има обемна документација и од последните години, а не како што зборуваше власта дека тоа било случај до 2021 година.

реклама

„Од досегашните анализи извлековме неколку заклучоци. Првиот се темели на Извештај од вонредниот  надзор на набавките на УКРО и МЗ или на документи за периодот 01.08.2021 до 01.08. 2023, како и за парцијалниот надзор декември 2022 – март 2023 година и констатирани се неправилности кои се дополнително и засилени. Затоа бараме да се прошири истрагата и работата и за тој период“, кажа Мицкоски.

Како второ, Мицкоски посочи дека е констатирано дека и покрај огромни милионски залихи на лекови тоа не ги спречувало надлежните и од МЗ и од УКРО да распишуваат тендери иако има залихи. И како трет заклучок тој посочи  дека има дилема како се дава дозвола на пациенти терапијата да биде аплицирани во други здравствени установи бидејќи транспортот е специфичен.

реклама

„Потоа спорно е и треба одговор дали некој добива повратна информација дали терапијата е аплицирана, дали тие вијали се целосно потрошени или делумно и што се прави со останатото итн.

Имате омилена веледрогерија која снабдува милионски суми на лекови, а  од друга страна има катастрофални услови каде се аплицира истата. Некако работите се изместени, тоа мора се среди“, посочи Мицкоски.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: „Нетанјаху веќе не е некој со кој можеме да разговараме, го пречкртавме и фрливме“

Следно

Пропалестински собир пред седиштето на Би-би-си во Лондон

Latest from Blog

Кенгур брутално претепа човек: Му се нафрли на кучето, а потоа ме удри по лицето (ВИДЕО)

Жртвата била однесена во болница со повреди кои, според медиумските извештаи, би можеле да бидат „споредливи со сериозни повреди од сообраќајна несреќа“. „Излезе како ракета“ Според Кол, кенгурот излегол од водата и

Изет Меџити му честиташе на Албин Курти за изборот на новата влада во Косово

Во пресрет на 18-годишнината од независноста на Косово, земјата влезе во ново политичко поглавје со формирањето на Владата „Курти 3“. По тој повод, Изет Меџити упати честитка до Албин Курти за неговиот

Ван Дајк му донесе победа на Ливерпул!

ФОТО:facebook.com/LiverpoolFC/ Ливерпул го победи Сандерленд со 1:0 на гостински терен, додека Кристал Палас, и покрај водството од 2:0, загуби од Барнли – 2:3 на Селхерст Парк. Херој во победата на Ливерпул беше

Ван Дајк му донесе победа на Ливерпул!

ФОТО:facebook.com/LiverpoolFC/ Ливерпул го победи Сандерленд со 1:0 на гостински терен, додека Кристал Палас, и покрај водството од 2:0, загуби од Барнли – 2:3 на Селхерст Парк. Херој во победата на Ливерпул беше
Go toTop