Мицкоски во улога „кадија те тужи, кадија ти суди“ – тврди дека директорката од Демир Хисар е веќе сменета, СДСМ бараат кривична и проширување на истрагата

August 11, 2025
2 mins read

Додека социјалдемократите од Основното јавно обвинителство бараат отворање на кривична постапка против началникот на ОВР Демир Хисар, Роберт Мартиноски и проширување на истрагата, премиерот Христијан Мицкоски, посочи дека според ДПИ, (чие раководство е именувано во октомври минатата година), во работењето на директорката имало големи финансиски неправилности. Претседателот на владата јавно праша: „каде се печатите“.

Премиерот тврди дека директорката е веќе сменета

„Главното прашање е зошто ги снемува печатите и дел од документите во училиштето по нејзината смена. Тоа е суштината. Тоа што тој началник постапил надвор од овластувањата, и спротивно на ЗКП тој ќе си сноси последици“, рече Мицкоски, трудејќи се да ја демантира директорката на средното училиште во Демир Хисар, Маја Лозановска, која тврди дека ‘ваквото скандалозно постапување на полицијата има политичка позадина, односно брзање за печатите за да вечерта во последен ден бидат потпишани партиски вработувања на 3 лица во училиштето’.

Лозановска контра Мицкоски: „Брзаат да ме разрешат пред изборите“

Директорката на СОУ Крсте Петков Мисирков, Маја Лозановска, за „Слободен печат“ вели дека печатите од училиштето се во метален сеф.

„На боледување сум а градоначалникот незаконски по трет пат брза да ме разреши пред изборите“, вели таа.

Инаку полициските инспектори биле во потрага по печатот на училиштето за да може да го користи новата директорка која спротивно од законот била назначена од градоначалникот а не како што налага законот од МОН.

Од 2022 година наваму, на градоначалникот Најдовски, ова му е трет обид да ја разреши Лозановска, претходните два пати обидите му биле спречени од страна на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, со укажување за незаконитото одлучување во постапката за разрешување.

Директор на средно училиште поставува и разрешува МОН а не градоначалник.

Адвокатот на Лозановска во меѓувреме тврди дека незаконскиот обид за приведување бил обид на власта да ги добијат печатите од училиштето и затоа полицијата дошла во вечерните часови и направила драма пред домот на директорката заканувајки се дека ако е на боледување со носилки ке ја однесат на распит во полиција.

Директорката и нејзиниот адвокат најавија дека утре (вторник) претпладне ќе одат на распит во полиција но ќе побараат и полициска придружба кога ке одат во учииштето за да се утврди кој ја обил канцеларијата на директорката во нејзино отсуство. Директорката кажа дека печатите за кои беше целата драма и демонстрацијата на сила на полицискиот началник се во металниот сеф во службените простории.

СДСМ и денеска посочува дека во скандалозниот случај има јасни факти кои покажуваат дека ‘началникот на Тошковски ги прекршил своите овластувања и ја злоупотребил својата положба спроведувајќи незаконска постапка и политички прогон против болна жена’. Потпретседателот на СДММ, Јовица Јанковиќ посочува дека партијата бараат истрагата на ОЈО да се прошири и да даде одговори на прашањето дали Мартионовски постапувал по налог на Тошковски?

“Самото МВР ја призна неговата вина и го потврди она што СДСМ го говореше од првиот ден, дека началникот постапувал незаконски. Сега никој нема нема право да го заташка случајот. Не е доволно само дисциплинска постапка пред внатрешна контрола. Основното јавно обвинителство треба да поднесе кривична пријава и да обезбеди процесуирање на началникот пред лицето на правдата. Доколку тоа не го направи, ќе значи директна заштита на Мартиноски, а со тоа и на неговиот шеф Панче Тошковски“, вели Јанковиќ.

Опозициската партија бара полицијата да биде заштитник на граѓаните, а не средство за политички прогон и заплашување.

„Сомнежите се основани затоа што според информациите објавени во медиумите, Мартиноски претходно бил суспендиран од работа, наводно поради рекет. Но, тоа не било пречка за Тошковски, веднаш по доаѓањето тој го поставува Мартиновски за началник. Понатаму, обвинителството мора да ја повери и целата незаконска постапка спроведена против директорката на училиштето во Демир Хисар. Сите што ги прекршиле законите мора да одговараат. СДСМ бара ОЈО да покаже дека законот важи за сите, особено за началниците на Тошковски, и да стави крај на злоупотребите на полицијата во партиска служба на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, соодветните служби работат, во координација сме со МВР

Следно

Пожарот во Челопеци делумно ставен под контрола, екипи остануваат на терен

Latest from Blog

БРАКО со нов успех: GM 955 оди на финално тестирање во Германија

Најновата верзија на GM955, професионално возило за машинско чистење произведено во фабриката на ГРИН МАШИНС на БРАКО во Велес, заминува за Минхен, Германија, каде што следната недела ќе продолжи процесот на тестирање и хомологација директно во TÜV

“Земјотрес“ во Турција: Салах во Трабзонспор за 15 милиони евра годишно!?

ФОТО: Liverpool FC/FB Фудбалски “земјотрес“ во Турција. Според локалниот новинар Јакуп Џинар, наводно Мохамед Салах постигнал двогодишен договор со Трабзонспор, а официјалната потврда за трансферот треба да следи на 2 август. Според

(ВИДЕО) „БИНГ-БИНГ, БИНГ-БИНГ-БИНГ – Трамп повторно хит на интернет

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го привлече вниманието на јавноста откако за време на своето обраќање со гестикулации и звучни ефекти го имитираше дејството на американската противвоздушна одбрана. Опишувајќи го

Милеи донесе вонреден декрет по масовните навреди кон Аргентина по Светското првенство

По тешкиот пораз во финалето на Светското првенство, што го поттикна верувањето во Аргентина дека земјата станала цел на бран омраза, аргентинскиот претседател Хавиер Милеи потпиша вонреден декрет со кој им се

Ричард Гренел, соработникот на Трамп, во средата бил во Скопје – самиот објави видео

Видеото што го објави Гренел на Инстаграм е снимено од погорните катови на зградата „Адора Флатирон“ во скопска Кисела Вода. Гренел имал приватна средба со премиерот Мицкоски и со министерот Муцунски, потврдија
Go toTop