Мицкоски: Владата ја моли меѓународната заедница да доаѓа тука и да прави притисок врз ВМРО-ДПМНЕ

August 24, 2023
1 min read

реклама



Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска кажа дека властите одат да ја молат меѓународната заедница да доаѓа тука и да врши притисок врз ВМРО-ДПМНЕ со цел нејзините пратеници да гласаат за уставните измени, откако во петокот почна процесот во Собранието.

„Луѓето од власта одат, коленичат пред светот и ја молат меѓународната заедница да доаѓа овде во Македонија и ја притискаат да прави притисоци и тортура врз ВМРО-ДПМНЕ, а преку ВМРО-ДПМНЕ и врз огромното мнозинство граѓани во Македонија. Но, навистина можам да ги разочарам, такво нешто нема успее. Тоа беше јасно уште на 18 август кога се гласаше дневниот ред во парламентот, но и претходно кога на комисија се гласаше потребата за уставните измени. И таму беше јасно дека нема двотретинско мнозинство од пратениците“, кажа Мицкоски.

реклама

Мицкоски претходно од Кичево рече дека светот прави планови и стратегии како да го скрши ВМРО-ДПМНЕ и нивните пратеници да гласаат за уставните измени.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хаџиевски и Васоски најавија подобри денови: Вардар е институција, мора да живее!

Следно

Најмалку 10 повредени во руски ракетен напад во украинскиот град Днепар

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop