Мицкоски: Верувам дека ќе бидеме во групата земји кои ќе имаат најповолни услови за извоз во САД

July 7, 2025
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата изрази уверување дека земјава ќе биде во групата држави кои ќе имаат најповолни услови за да извезуваат на американскиот пазар. 

– Разговарано е со САД за можните царински олеснувања. Верувам дека ќе бидеме во групата земји кои ќе имаат најповолни услови за да извезуваат на американскиот пазар, рече Мицкоски. 

САД од денеска најавија испраќање официјални писма до трговските партнери со детали за новите царини и трговски договори. Американскиот претседател Доналд Трамп уште во април најави основна царина од 10 отсто за речиси сите увозни производи, со дополнителни „реципроцитетни“ царини за земји со трговски дефицити со САД. Овие мерки беа паузирани за 90 дена, рок кој истекува на 9 јули.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Работата на отворен простор во Грција е забранета од пладне до 17 часот поради високите температури

Следно

Фондацијата „Заедно за едно“ им пружи прва помош на најпогодените од кочанскиот пожар

Latest from Blog

Андоновски и Димовски во работна посета на Агенцијата за храна и ветеринарство

Заменик Министер за здравство Јовица Андовски заедно со Вицепремиерот на Владата на Република Македонија Љупчо Димовски остварија работна посета на Агенцијата за храна и ветеринарство. На средбата со директорот на АХВ и
Go toTop