Мицкоски утре на отворање на нова детска градинка во Сопиште

January 3, 2026
1 min read

Утре 04.01.2026 година (недела) во 12:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на отворање на нова детска градинка во Сопиште.

Детската градинка „Сонце“, ќе овозможи згрижување и воспитание на 84 дечиња од предучилишна возраст и се наоѓа на локација која ќе одговара и на жителите од Долно Соње, Горно Соње, Добри Дол и Ракотинци. Во неа се предвидуваат јасли за згрижување на дечиња од 0 до 2 годишна возраст, како и две хетерогени групи за дечиња од 2 до 4 годишна возраст и група за дечиња од 4 до 6 годишна возраст.

Објектот е со вкупна нето квадратура од 362 м2 поделена во три занимални, дел за манифестации, административен дел, како и помошно технички дел. Средствата за изградба на оваа детска градинка се обезбедни од Владата преку Министерството за социјална политика, демографија и млади во висина од 21.000.000,00 денари.

На настанот предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Саем на македонска традиционална кујна во Пустец

Следно

Мицкоски утре на отворање на нова детска градинка во Сопиште

Latest from Blog

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој
Go toTop