Мицкоски: Ултиматуми не прифаќаме, Бугарија сака да ја вовлече темата Македонија во нивното предизборие

October 5, 2024
2 mins read

Бугарија сака да ја вовлече темата Македонија во нивното предизборие. Ние во такви замки нема да влегуваме. Имаме цел и интерес кон кои чекориме. Понудата од актуелниот претседател на Унгарија Виктор Орбан е дадена во име на претседателствувањето со Европската Унија. Сега чекаме кој какви сигнали ќе испрати од Бугарија. Нашиот сигнал е јасен, сакаме решение, но достинствено. Ултиматуми не прифаќаме.

Ова е одговорот на премиерот Христијан Мицкоски на прашањето во врска со ставот на бугарското МНР дека прашањето на процесот на евроинтеграции се заснова на сопствени заслуги и не дозволува посредување меѓу ЕУ и земја-кандидат.

-Бугарија, бугарската Влада, бугарскиот претседател и политичари сакаат сега да ја вовлечат темата Македонија таму во нивното предизборие. Јас сум го кажал тоа повеќе пати, ние нема да бидеме наивни и да влегуваме во такви замки. Имаме наш интерес и наша цел и сакаме да чекориме цврсто кон реализирање на тој наш интерес и нашата цел. Што се однесува до разговорите со нашиот источен сосед ние сме подготвени кога сакаат и врз основа на која платформа или план сакааат да седнеме да разговараме и да најдеме решение и нормално, да ги почитуваме меѓународните стандарди, рече Мицкоски одговарајќи на прашања по поставувањето камен темелник на нов објект на терминалот за стоково царинење со што се означува почетокот од надградбата и реконструкцијата на граничниот премин Деве Баир.

Тој во врска со понудата на Орбан вели дека била дадена исклучиво во име на претседателствувањето со Европската Унија.

-Она што беше понуда од моменталниот претседавач со ЕУ, тоа е претседателот на унгарската Влада Виктор Орбан, е во име на претседателствувањето со Европската Унија. Сега треба да видиме кој во Бугарија какви сигнали испраќа, некој испраќа едни, други испраќаат други сигнали. Кај нас сигналот е јасен  сакаме решение кое ќе биде достоинтвено. Уцени и ултиматуми не прифаќаме, рече премиерот Мицкоски.

Бугарското МНР вчера излезе со став дека процесот на евроинтеграции се заснова на сопствените заслуги и не дозволува посредување меѓу Европската Унија и земја-кандидат. Единствена гаранција за успех, исакнуваат оттаму, е исполнувањето на поставените критериуми и услови, се наведува во ставот на Министерството.

БТА, го пренесе ставот на бугарското МНР, ја цитираше и изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дадена интервју на Канал 5, каде што наведува дека унгарскиот премиер Виктор Орбан понудил да биде домаќин на средба меѓу Бугарија и Северна Македонија „за да се види дали може да се приближат позициите“, за да може Скопје да започне преговори со ЕУ.

-Нека биде Европска Унија арбитер, претседавачот со ЕУ нè кани во Будимпешта да ги решиме однапред сите прашања, да не биде етапно, туку сите, и да нема повеќе пречки и да нема билатеризација на овој процес. Веднаш да почнеме. Унгарскиот премиер Виктор Орбан планираше да ме повика мене и бугарскиот претседател во Будимпешта на разговори како претседавач со ЕУ, рече завчера Мицкоски.

Во интервјуто Мицкоски, како што наведува БТА, кажал дека претставниците со коишто разговарал во Брисел, му кажале дека ја поддржале Преговарачката рамка, бидејќи „поранешниот претседател Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски ги убедиле дека ќе го обезбедат неопходното мнозинство за внесување на Бугарите во Уставот“.

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ на 25 септември донесоа одлука да ги разделат Албанија и Северна Македонија на патот кон пристапување во ЕУ, а првиот кластер Тирана ќе го отвори на 15 октомври. – Нашата позиција е многу јасна. ЕК се радува на отворање на првите кластери со Албанија што е можно побрзо, а и со Северна Македонија веднаш штом ги исполни критеримумите одредени од Советот, рече тогаш Ана Писонеро, портпаролка на Европската комисија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски најави дека пред Контакт групата ќе го претстави „Планот за победа“

Следно

Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8

Latest from Blog

Ормускaтa Tеснина останува отворена за сите освен за бродови поврзани со непријателите, тврди ирански претставник

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги нападне иранските електрани ако пловниот пат не биде целосно отворен во рок од 48 часа. Заканата од ирански напади за време на американско-израелската

Манасиевски: Дали Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки во енергетиката и промената на името на државата кое Заев и Филипче го спроведоа?

На денешната прек конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ упати неколку прашања кој СДСМ, тој паташа: „СДС да одговори, дали нивниот ПР шеф Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки

Николоски најави – Штип ќе стане туристички центар со ново вештачко езеро

Штип и источниот дел на Македонија ќе добијат прво туристичко вештачко езеро, кое се очекува да биде завршено до 2027 година, пред предвидениот рок, истакна Александар Николоски. Изградбата на браната на реката

Спалети: Ни недостасува зрелост во играта

Екипата на Јувентус синоќа направи нок кикс во домашниот Серија А шампионат, откако одигра на домашен терен само 1:1, против екипата на Сасуоло. Иако поведе на време уште во 14. минута преку
Go toTop