Мицкоски: Убеден сум дека ДУИ ќе оди во опозиција

November 11, 2023
1 min read

реклама


Убеден сум дека на следните избори ДУИ ќе биде многу непријатно изненаден од бројот на освоени гласови и пратеници во македонскиот Парламент, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Република. 

Тој дополнува дека „ВМРО-ДПМНЕ ќе и даде шанса на т.н албанска опозиција“.

реклама

– Ова раководство на ДУИ и дел од луѓето кои се дел од него се сериозно според индициите и информациите кои ги имаме, длабоко вплеткани во криминал.  Нашата посакувана опција е така наречената албанска опозиција. Видовме пред некој ден окрупнување околу таа опозиција, рече Мицкоски.

Според него, треба да им се даде шанса на ДУИ да поминат во опозиција одреден период, како што вели, да се освежи со нови идеи, бидејќи сега се конфузни и испраќаат лоша порака.

реклама

-Гледате како  од онаа зелена агенда почнаа до обединета Албанија. Водат политика од денес за утре.  Додека одат од еден на друг споменик се возат во Ролс Ројс, Мајбах, купуваат мултимилионски имоти. Пораката не е добра, изјави Мицкоски.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во главниот град на Саудиска Арабија започна вонредниот Арапско-исламски самит за Газа

Следно

Ќе има нови протести: Се бараат подобри услови за работа на здравствените работници

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред
Go toTop