Мицкоски: Тргнавме, веќе нема назад, ќе има одговорност и за Модуларната во Тетово и за Беса Транс, да ме држите за збор!

March 19, 2025
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во централниот дневник на Сител телевизија истакна дека ќе се отворат сите претходни случаи и за модуларната болница и за Ласкарци истакнувајќи дека ќе се оди до крај и ќе има одговор што точно се случувало, односно како што рече или ќе има победа за Македонија и граѓаните или мафијашите.

„Сите овие случаи кои што ги кажавте одблиску ќе ги следам. Знам во која фаза се и очекувам обвинителството многу јасно да ја прошири истрагата и да го идентификува не само возачот на автобусот или управителот на правното лице, туку да видиме во кој испитен центар кажале дека тој технички е исправен, кој ја дал да тој испитен центар функционира така што функционира.  Зошто во модуларната болница е променето министерството од едно во друго кога е правена јавната набавка, зошто кабелот е виновен, кој го направил проектот и дали можеби недостасуваат некои елементи, таму каде што мислам дека недостасуваат.  За сето ова ќе има одговор, ќе има разврска. Нема ништо да оставиме. Јас ви реков тргнавме, нема сега запирање, сега одиме до крај. Или тие или ние. Во животот постојат две работи, или тој или ти. Не може двајцата да опстанат, или ние ќе опстанеме, Македонија и граѓаните од една страна, или мафијашите. Нема место за двајцата повеќе“, вели Мицкоски.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земјотрес почувствуван во Струмица

Следно

Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени во УКЦ Ниш од Воената болница

Latest from Blog

Адвокатот на Линдзи Кленси бара од Трамп да ја помилува, иако таа призна дека си ги убила своите три деца (ВИДЕО)

„Господине претседателе, се надевам дека ќе размислите за тоа каква личност е оваа млада жена, низ што поминала и ќе ја разгледате можноста за помилување“, рече адвокатот Кевин Редингтон во интервју за

ЛШ Полувреме: Мбапе и Валверде ги казнија грешките на Интер, Порто издржа против Сити (ВИДЕО)

Реал Мадрид има убедлива предност од 2:0 по првите 45 минути на натпреварот против Интер во воведното коло од Лигата на шампионите. Можеби резултатот не ја отсликува целосно сликата на теренот затоа

Остра реакција на Исланд поради објавата на Трамп- повикан на разговор американскиот амбасадор

Исланд го повика американскиот амбасадор во Рејкјавик на разговори откако претседателот Доналд Трамп објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледа Исланд и други земји под знамето на САД, објави исландскиот

Коњановски: Да продолжиме да ја градиме Македонија како земја на слобода и правда

БИТОЛА – По повод 35-годишнината од независноста на Македонија, денеска бројни делегации положија свежо цвеќе пред споменикот на НОАВМ во Битола. Почит на значајниот датум од македонската историја оддадоа градоначалникот на Општина
Go toTop