Мицкоски: Средствата за повисоки пензии се обезбедени, нема да има никакви турбуленции во Пензискиот фонд

October 7, 2024
1 min read

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во интервју во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ, рече дека средствата за покачување на пензиите се обезбедени, потенцирајќи дека нема никакви пореметувања на стабилноста во однос на Пензискиот фонд.

„Средствата се обезбедени и за оваа со ребалансот, и следната година со Буџетот кој е во фаза на подготовка. Очекувам на владина седница на 16 октомври да биде Буџетот во прва верзија на дневен ред, и очекувам дека после тоа во рамките на Парламентот, преку една дебата ќе се затвори таа рамка, а потоа истиот ќе се врати за конечно да добие конечна форма и да оди на јавна седница и да се усвојува.“, рече Мицкоски.

„Како ќе биде понатамошното нивелирање на пензиите од септември следната година, па 2026, 2027 година се зависи од тоа какви ќе бидат приходите и како ќе функционира македонската економија. Затоа и многу внимателно кажуваме и многу внимателно ветуваме. Не сакаме да кажеме нешто кое што понатаму нема да го исполните. Тоа што бевме уверени дека ќе го исполниме и ќе го испорачаме, тоа и го направивме.“, вели тој.

Средствата се обезбедени, нема да има никакви дисторзии, ниту пак било какви пореметувања на тој план, дециден е претседателот на Владата Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

​Ѓорѓиевски: Повикот на владата е транспарентен, нема да има заборавени општини

Следно

ВИДЕО Моментот кога започнува пожарот во зградата во Чаир

Latest from Blog

ШТО СЕ СЛУЧИ СО МИЛИЈАРДЕРОТ ПО УБИСТВОТО НА НЕГОВИТЕ ТРИ ДЕЦА… Има ли живот потоа?

Животот на данскиот милијардер Андерс Холх Повлсен беше обележан со ужасна трагедија во 2019 година. Три од неговите деца беа убиени во терористичкиот напад врз Шри Ланка, меѓу стотиците жртви. Животот на

Николоски и Караџов ќе потпишат договор за прекуграничен железнички тунел меѓу Македонија и Бугарија

На 6 ноември 2025 година, на железничката станица Ѓуешево, ќе биде потпишан Договорот за подготовка, изградба и работа на прекуграничен железнички тунел меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Договорот ќе го потпишат
Go toTop