Мицкоски: Советот за соработка на високо ниво е значаен чекор за односите меѓу двете држави чија цел е продлабочување и интензивирање на соработката во сите области

February 28, 2025
2 mins read

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека му претставува исклучително задоволство што ова е прва негова посета на пријателска Турција, држава со која имаме многу заеднички елементи во културата, традицијата, заеднички интереси и одлични односи на македонскиот и турскиот народ, на македонските граѓани и на турските граѓани.

„Имав исклучително значајна и конструктивна средба со претседателот господинот Реџеп Таип Ердоган, по што можам да кажам дека оваа средба е потврда на традиционалното пријателство, силното партнерство и стратешката соработка меѓу нашите две земји.

На средбата разговаравме за продлабочување на билатералните односи во повеќе сфери, со особен акцент на економската соработка, инвестициите и трговската размена. Турција е еден од нашите најзначајни економски партнери, но и неизоставна сила со големо влијание во регионот, а заедничката заложба е да ги зголемиме турските инвестиции во Македонија и да создадеме нови можности за македонските компании на турскиот пазар.

Веќе имаме многу позитивни примери на турски компании кои работат кај нас, во делот на патната и железничката инфраструктура, а од друга страна неодамна и како што објавивме имаме соработка во делот на енергетиката со значајна и голема турска компанија за инвестиции во изградба на когенеративни гасни централи, топловодна и гасна мрежа во висина од би рекол до една милијарда долари.

Дополнително, разговаравме и за унапредување на соработката во областа на безбедноста, образованието, културата и здравството. Двете земји се сојузници во НАТО, а нашиот заеднички приоритет е стабилноста и безбедноста во регионот.

Исто така отворивме теми за коишто претходно зборуваше претседателот Ердоган.

Денес воедно јас и претседателот Ердоган потпишавме заедничка политичка декларација за основање на Совет за соработка на високо ниво. Ова е значаен чекор за односите меѓу двете држави, а основите на ова се содржани во самиот темелен документ наречен „Стратегија за зајакнување на билатералните односи меѓу Македонија и Турција”, потпишан уште во 2008 година. Со цел да го развиеме стратешкото партнерство, донесовме одлука за основање Совет за соработка на високо ниво којшто во самиот документ носи наслов „Совет“, чија цел е продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес на билатерално, регионално и глобално ниво.

Советот ќе ја утврди стратегијата за односите меѓу Турција и Македонија во областите на политиката, безбедноста, одбраната, економијата, трговијата, енергијата, транспортот, инфраструктурата, земјоделството и шумарството, медиумите и комуникациите, туризмот, културата, науката, уметноста, младите, спортот, образованието, здравството, животната средина и дигиталната трансформација и контактите меѓу граѓаните на двете земји. Ваквата стратегија ќе претставува основа за развој на соработката во овие области, а Советот ќе го поттикнува нејзиното спроведување.

Ние сме посветени како држава на градење на цврсто партнерство и потврда за македонско турското пријателство на економски, политички и културен план.

Mорам да ги потврдам добрите односи меѓу двата народа. Кај нас турската заедница е лојален дел од македонското општество, исто како што и македонската заедница во Турција е значаен дел развојот на Турската држава.

Јас во претседателот Ердоган гледам голем поддржувач и пријател. Неговото минато, исто како и минатото на Турција се поврзува со мојата татковина, и воедно ова е добра прилика да кажам дека тој е секогаш добредојден во Скопје, во Охрид и на било кое место кај нас, и се надевам дека тоа ќе го стори многу скоро.

Уверен сум дека соработката меѓу двете држави ќе продолжи да се развива во духот на заемното почитување и заедничките интереси, со цел да обезбедиме подобра иднина за нашите граѓани“, вели Мицкоски.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Македонија и Турција потпишаа политичка декларација за основање совет за соработка на високо ниво

Следно

Тошковски: Неказнивоста останува во заборав во Македонија и конечно законот важи еднакво за сите

Latest from Blog

Обвинение за судија од Кавадарци – го упатил осуденикот во погрешен затвор

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 4 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во текот на 2024 година,

ЕУ ги осуди омразата и насилството во Србија и повика на избегнување ескалација

Делегацијата на Европската унија во Србија ги осуди „актите на омраза и насилство“ во Србија и повика на избегнување ескалација на тензиите. „Внимателно ја следиме ситуацијата и повикуваме на избегнување на каква

Врховниот суд и Судскиот совет очекуваат кредибилен процес во Скопје за кочанската трагедија

Новиот претседател на Врховен суд Африм Фидани очекува во Кривичниот суд во Скопје да се спроведе целисходна постапка за случајот Кочани. Судот каде што ќе се води постапката ги исполнува условите, за

Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс

Седумкратниот шампион на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ на убедлив начин стигна до победа во мечот од второто коло на Вимблдон против Британецот Даниел Еванс. Српскиот тенисер со 3:0 во сетови (6:3; 6:2; 6:0)

Предлогот за 60-дневен прекин на огнот во Газа предвидува ослободување на 10 израелски заложници и гаранции од САД

ЕРУСАЛИМ/АНКАРА (АА) – Предлогот за 60-дневен прекин на огнот во Газа предвидува ослободување на 10 израелски заложници и предавање на посмртните останки на уште 18, соопштија израелските медиуми денес, пренесува Анадолу. „Ослободувањата
Go toTop