Македонија и Турција потпишаа политичка декларација за основање совет за соработка на високо ниво

February 28, 2025
1 min read

Македонија и Турција потпишаа политичка декларација за основање совет за соработка на високо ниво меѓу владите на двете држави, која беше потпишана при првата официјална посета на премиерот Христијан Мицкоски. 

„Ова е значаен чекор за односите меѓу двете земји, а основите на ова се содржани во документот Стратегија за зајакнување на билатералните односи меѓу Македонија и Турција потпишан уште во 2008 година. Со цел да го развиеме стратешкото партнерство донесовме одлука за основање совет на високо ниво чија цел е продлабочување и интензивирање на соработката во сите обалсти од заеднилчки интерс на билатерално, регионално и глобално ниво“, рече премиерот Мицкоски на прес-конференција по потпишувањето на декларацијата.

Мицкоски рече дека со Ердоган имале исклучително значајна и конструктивна средба, која, како што истакна, е потврда на традиционалното пријателство, силното партнерство и стратешката соработка меѓу двете земји.

Најави продлабочување на соработката во повеќе области со особен акцент на трговската размена, а разговарале и за соработката во безбедноста, образованието, културата и здравството.

„Двете земји се сојузници во НАТО, а нашиот заеднички приоритет е стабилноста и безбедноста во регионот. Посветени сме како држава на градење цврсто партнерство и потврда за македонско-турското пријателство на економски, политички и културен план“, рече Мицкоски.

Ердоган најави дека со идните активности ќе се зголеми економската и трговската размена на уште повисоко ниво и оцени дека односите меѓу двете земји се силни како што е силен Камениот мост во Скопје. 

– Лани имавме трговска размена од милијарда долари кои треба да ги удвоиме во првата прилика, рече Ердоган, посочувајќи дека ќе биде потребно ревидирање на Договорот за слободна трговија.

Се надева оти ќе присуствува на првата седница на Советот што ќе се одржи во Скопје. 

Ердоган воедно порача дека Балканот не треба да се гледа како место за конкуренција меѓу народите, туку како поле за заедничка соработка и за развој.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски и Ердоган потпишаа политичка декларација: Македонија и Турција ќе ја продлабочуваат и интензивираат соработката во сите области

Следно

Мицкоски: Советот за соработка на високо ниво е значаен чекор за односите меѓу двете држави чија цел е продлабочување и интензивирање на соработката во сите области

Latest from Blog

Проданоски: Првиот хард ендуро полигон во државата носи нови можности за Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, порача дека „Топташ Родео 2026“ повторно покажало дека Прилеп сигурно се позиционира како препознатлива дестинација за хард ендуро и големи спортски настани. Според него, Топташ и

Коњановски: Континуираното образование е темел на квалитетна ветеринарна услуга

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на четвртиот семинар од областа на ветеринарната медицина со меѓународно учество, кој се одржа на Ветеринарниот факултет Битола при Универзитет „Св. Климент Охридски“– Битола, во

Македонката убиена во Пјаченца претходно контактирала адвокатка за семејно насилство: „Жртвата ми пишуваше и ги бришеше пораките“, вели Катерина Котеска-Стисниовска

По грозоморното убиство на 56-годишната Милена Витанова во италијанскиот град Пјаченца, јавноста ја потресе и емотивната објава на адвокатката Катерина Котеска-Стисниовска, која со години работи на случаи поврзани со семејно насилство. Таа
Go toTop