Мицкоски: СДСМ треба да се охрабри и да ја прифати подадената рака за преодна влада

June 12, 2023
2 mins read

Расфрлањето со пердуви е контрапродуктивно затоа што е јасно од лидерската средба дека нема договор, а сѐ уште чекаме одговор од СДСМ – кој од двата предлога што ги понудив тие го прифаќаат. Мојата цел беше да се одглават работите и да се даде поинаква перспектива на процесите, да создадеме решение кое нема да биде на штета на граѓаните и иднината на Македонија. Жалам што СДСМ пропушта голема и историска шанса, вели Мицкоски во интервју за Дојче веле

СДСМ е потполно свесен за тоа што го понудив на лидерската средба, но упорната манипулација што се прави со изнесување неточни информации и импутирање зборови, практично, ја отсликува состојбата во партијата и значи отсуство на волја да се направи реален исчекор со решение кое ќе значи зачувување на идентитетот и реална и брза интеграција на државата, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за Дојче веле коментирајќи го исходот од минатонеделната средба со премиерот Димитар Ковачевски.

„Расфрлањето со пердуви е контрапродуктивно затоа што јасно е од лидерската средба дека нема договор, а сѐ уште чекаме одговор од СДСМ – кој од двата предлога што ги понудив тие го прифаќаат. И на самата средба Ковачевски беше дециден дека нема договор, што и јас го кажав потоа во изјавите пред медиумите. Мојата цел беше да се одглават работите и да се даде поинаква перспектива на процесите, да создадеме решение што нема да биде на штета на граѓаните и иднината на Македонија. Жалам што СДСМ пропушта голема и историска шанса“,

вели Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ чека одговор од СДСМ за тоа кој наш предлог е прифатлив, додава Мицкоски и нагласува дека непродуктивно и бесцелно е да се продолжи со какви било разговори или работни групи, ако тие не се сложуваат за предлозите кои ги дадовме.

На прашањето да ги разјасни точките на совпаѓање или исклучување со контрапредлогот и предлогот што тие го дале, Мицкоски одговара:

„Она што го понудив е промена на околностите, заштита на националните интереси и европска интеграција. Првиот предлог што го дадов е преодна влада без ДУИ, измени кои ќе стапат во сила со завршување на преговорите и членството на државата во ЕУ. Вториот предлог е избори, гаранции за националниот идентитет и јазик, економски пакет и заштита на Македонците во Бугарија преку спроведување на пресудите на судот за човекови права во Стразбур и измени од влада без ДУИ, поддржана од опозицијата. Она што го понуди Ковачевски се уставни измени под бугарски диктат и широка влада со ДУИ. Не е поентата ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт во некаква широка влада, туку да изградиме процес и пакт за национално единство каде ќе ги заштитиме националните интереси“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочува дека има постојана комуникација со меѓународната заедница и потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ покажала конструктивност и грижа за иднината која власта немала капацитет да ја валоризира. СДСМ треба да се охрабри и да ја прифати подадената рака за преодна влада, посочува Мицкоски за Дојче веле.

На прашањето како го оценува условот на ДУИ, прво да влезат во сила уставните измени, а потоа да ја напуштат Владата, како и нивниот предлог за ветинг на сите политички партии – претседатели, партиски функционери, пратеници, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека ДУИ не е во позиција да поставува услови.

„Доколку СДСМ навистина го прифати еден од предлозите, тоа се: Прво, завршување на процесот сега, со одложено важење кога Македонија ќе ги заврши преговорите и ќе влезе во ЕУ, така го заштитуваме Уставот и идентитетот, нема дополнителни условувања и барања од Бугарија. ДУИ тоа го толкува поинаку, тоа е нивен проблем. Колку побргу заминат во опозиција, толку побргу на Македонија ќе и` тргне. Второ, избори наесен, поддршка на опозицијата во заштита на идентитетот многувековен, традиција, култура, обичаи и јазик пред европските институции од страна на опозицијата, економски пакет од Европската Комисија, имплементирање на пресудите од судот за човекови права во Стразбур за Македонците во Бугарија. Што се однесува за ветингот, мојот став е јасен – треба прво ветинг на политичарите и нивните блиски. Милијарди тежи капиталот на политичарите, да докажат како го стекнале и да видиме потекло на имотот, па потоа сѐ друго. Се пријавувам доброволно да бидам прв во тој процес“,

дециден е Мицкоски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Oва не се памети: Автобусот со играчите дојде директно на теренот, а во 94. минута им се сруши светот

Следно

Украина тврди дека го вратила селото Сторожеве во областа Доњецк

Latest from Blog

„Русија НЕМА НАМЕРА ДА ПОСТИГНЕ МИР“

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на посетата на Киев, изјави дека руските напади врз Украина во текот на ноќта не укажуваат дека Москва е сериозна во врска со постигнувањето

Лефков: Измените на Законот за јавни обвинители и новите правила за избор ќе ја зголемат одговорноста и транспарентноста во судството

Во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков кој дебатираше на многу актуелни теми меѓу кои и за изборот на нов

Протест и во Кочани, граѓани се бунат зaшто полицијата им ги одзела колите

Попладнево, група граѓани излегоа на протести на патот Битола-Ресен и во кочанската населба Трајаново Трло. Тие се незадоволни бидејќи полицијата им ги запленила автомобилите кои ги возеле без возачки дозволи, јавува Радио

ПлусИнфо: Сведоците ја открија вистината за Кочани – има ли намера Јавното обвинителство да престане да „лута“ барајќи виновници без вина?

Сведочењата потврдија дека дискотеката „Пулс“ претрпела фатални внатрешни реконструкции на своја рака, кои ја претвориле во смртоносна стапица. Тоа и непрофесионалното ракување со пиротехниката се клучни причини за трагеидјата. Секое натамошно ширење

СЗО за третина го намали износот на пари што ги бара за итни здравствени случаи низ светот

Тоа е за една третина помалку од минатата година, пред се, поради намалувањето на донациите и загриженоста за придонесите од нејзиниот поранешен главен донатор, САД. „Се фокусираме на оние на кои им е
Go toTop