Мицкоски сабајлево: Минималецот ќе се зголеми за 2200 денари. Владата попладне: Зголемувањето ќе изнесува 1812 денари

March 25, 2025
1 min read

Владата денеска на седница усвои информација за утврдување на минималната плата за 2025 применувајќи ги законски утврдените критериуми, каде минималната плата за 2025 година ќе бележи пораст од 2.685 денари во бруто износ, односно 1.812 денари во нето износ, соопшти владината прес-служба. 

Оттаму потенцираат дека Владата континуирано продолжува да го подобрува животниот стандард на граѓаните преку стабилен раст на економијата.

Претходно премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање рече  дека од април ќе се исплаќа законски предвидениот минималец или околу 2 200 денари повеќе од сегашната минимална плата и најави дека доколку следните месеци дојде до договор меѓу работниците и работодавачите за повисок износ, ќе се направат законски измени и дополнително нивелирање.

– Денеска имаме владина седница, разговарав со министерот за економија, ќе поминеме информација. Согласно Законот мислам дека минималната плата ќе се зголеми на ниво од 24 400, така е според Законот. Немаме репрезентативен синдикат во Економско-социјалниот совет, се формираше Комисија која ќе ја утврди репрезентативноста. Се надевам дека наскоро тие што ќе бидат репрезентативни претставници на работниците заедно со работодавачите ќе постигнат консензус, а ние тој консензус ќе го почитуваме. Ако се договарат за поголема сума, ќе го промениме Законот и ќе навлеземе во дополнително нивелирање, рече Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето на камен-темелникот на мега-паркот во Радишани.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бела куќа: САД и Русија договориле безбедна пловидба во Црното море

Следно

30 дена притвор за осомничените кои држеле мигранти во заложништво

Latest from Blog

МЕЛАНИЈА ВО ФУСТАН СО КУЛТЕН ЈУГОСЛОВЕНСКИ СИМБОЛ: Балканците веднаш препознаа и се воодушевени

Доналд Трамп и Меланија Трамп и оваа година, во пресрет на Божиќ, ја продолжија веќе воспоставената празнична практика на телефонски разговори, насочена пред сè кон децата и припадниците на војската. Повиците ги

Тоневски: Пониква има потенцијал за целогодишен планински туризам

Во Инфо-центарот на Пониква денеска се одржа работен состанок меѓу градоначалниците на општините Кочани и Пробиштип, Владко Грозданов и Тони Тоневски, посветен на унапредување на туристичкиот развој и поефикасно искористување на потенцијалите

Квалитетниот сон овозможува подолг животен век

Според најновото американско истражување недоволниот сон го скратува повеќе животниот век отколку исхраната, физичката активност и социјалните односи. Американските научници проценуваат дека околу 16 отсто од светската популација постојано пати од несоница,
Go toTop