Мицкоски: Пуштен во употреба нов булевар во Гевгелија вреден над 2 милиони евра

July 25, 2025
1 min read

Гевгелија денес беше домаќин на свечено пуштање во употреба на новата обиколница – улицата „Свети Климент Охридски“, капитален инфраструктурен проект во вредност од над 120 милиони денари (околу 2 милиони евра). Новиот западен булевар претставува значајна сообраќајна артерија која, според премиерот Христијан Мицкоски, ќе придонесе за подобар економски и секојдневен живот во градот.

„Ова не е само нов асфалт, туку симбол на решителноста дека ветувањата се даваат за да се исполнат. Со овој проект, што беше дел од програмата уште во 2021 година, денес гледаме дека зборот станува дело“, изјави премиерот.

Покрај оваа улица, во тек се и други значајни инфраструктурни зафати во општината. Се реконструира дел од булеварот „Гевгелија“, заедно со натпатникот на улицата „Железничка“ и дел од железничката пруга – проект со вредност од над 25 милиони денари. Во завршна фаза е и изградбата на кружна крстосница на влезот во градот, со нов мост над каналот „Рауљ“, инвестиција вредна повеќе од 27 милиони денари.

Мицкоски ја искористи приликата да упати благодарност до градоначалникот на Гевгелија за неговата посветеност и соработка со централната власт. „Кога локалната самоуправа и Владата се партнери, резултатите не изостануваат“, порача премиерот.

Во своето обраќање, тој нагласи дека времето на злоупотреби и расипничко трошење на јавните пари е минато, а сега секој денар се гледа на терен преку конкретни проекти кои го подобруваат животот на граѓаните.

„Испраќаме јасна порака – продолжуваме да вложуваме, да градиме, да го менуваме лицето на секој град, село и општина. Ветивме и ветувањата ги исполнуваме“, истакна Мицкоски, честитајќи го отворањето на новата улица и посакувајќи таа да донесе безбедност, развој и гордост за Гевгелија.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земјоделските култури се загрозени од високите температури

Следно

„Од глад починаа 9 Палестинци, од кои 2 деца, во последните 24 часа“, објави Министерството за здравство на Газа

Latest from Blog

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата

Љатифи: Енергетската транзиција не може без силна и модерна мрежа

Енергетската транзиција не е повеќе избор, туку процес што мора да се спроведе без да се загрози стабилноста на електроенергетскиот систем, порача генералниот директор на МЕПСО, доц. д-р Бурим Љатифи, на меѓународната

Тоневски: Спортот ги обедини учениците во Пробиштип

Со спорт, дружење и натпреварувачки дух, во Пробиштип беше одбележана Европската недела на спортот. Општина Пробиштип, во соработка со основните училишта, организираше училишен спортски ден на кој учениците се натпреваруваа во баскет,
Go toTop