Мицкоски: Првото сценарио е Украина заедно со Црна Гора, Албанија и Македонија, да пристапат кон ЕУ уште во 2027, да седнат на масата но без право на глас

February 19, 2026
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување на Канал 5 говореше за можниот модел на пристапување на земјава во Европската Унија, посочувајќи дека постои сценарио според кое Македонија, заедно со Црна Гора и Албанија, би можела да стане членка на Унијата на почетокот на 2027 година, но со ограничени права во почетната фаза.

Според него, таквиот модел би подразбирал земјата да седне „на масата“ во Брисел, да го развее македонското знаме, но без право на глас и без можност за вето.

„Да учествуваме во работата на Советот, во комисиите и во другите тела, но без право на глас“, изјави Мицкоски, додавајќи дека во оваа фаза земјата не би имала ниту свој еврокомесар.

Премиерот појасни дека станува збор за концепт на постепена, односно „gradual integration“, при што државата би ги затворала поглавјата едно по едно, а со секое затворено поглавје би следела подлабока интеграција во структурите на Унијата.

Како задолжителни услови за ваквиот процес ги наведе усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и владеењето на правото.

„Ние сме усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика“, истакна Мицкоски, додавајќи дека и претходната влада имала усогласување, но дека актуелната влада е таа што ќе ги преземе конкретните чекори и ќе ги потпише договорите.

Во однос на уставните измени, премиерот посочи дека тие се дел од поширокиот пакет обврски што произлегуваат од претходно преземените ангажмани на државата, нагласувајќи дека станува збор за процес кој веќе бил прифатен од претходната влада.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЛЕ: Голема победа за Ц. Звезда против Лил, Штутгарт го „растури“ Селтик

Следно

Мицкоски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Latest from Blog

Протест на студентите за полагање правосуден испит на албански јазик

Со почеток во 12:30 часот денеска во Скопје ќе се одржи протестен марш како израз на незадоволство поради неспроведување на Законот за употреба на јазиците во првосудниот испит, најави Министерството за внатрешни

Јавна расправа во Собранието за предложениот закон за Советот на јавните обвинители

Јавна расправа по предлог-законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија ќе се одржи денеска во Парламентот, во организација на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, која

Питачите мора да се отстранат од улица – надлежните сериозно да пристапат кон решавање на овој проблем

Здружението „Градиме иднина“ од Скопје, во соработка со Министерството за внатрешни работи и Министерството за социјална политика, демографија и млади, го продолжува проектот „Стоп против питачењето и злоупотребата на децата и нивното
Go toTop