Питачите мора да се отстранат од улица – надлежните сериозно да пристапат кон решавање на овој проблем

April 5, 2026
1 min read

Здружението „Градиме иднина“ од Скопје, во соработка со Министерството за внатрешни работи и Министерството за социјална политика, демографија и млади, го продолжува проектот „Стоп против питачењето и злоупотребата на децата и нивното здравје“.

Од Здружението бараат да се почитува усвоениот акциски план и надлежните да постапуваат според него за отстранување на питачите, како и да го почитуваат меѓусекторскиот протокол за постапување со децата од улица. Очекуваат овој нивни апел до надлежните институции да вроди со плод и, конечно, државата да започне сериозно да се занимава со овој децениски проблем и да се пристапи најсериозно кон решавање, еднаш засекогаш, на статусот и положбата на децата питачи.

Од Здружението велат дека деновиве имале работен состанок со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, за негово запознавање со содржината на целиот овој проект, за кој велат дека со години не бил мрднат од мртва точка.

– Полицијата на терен повеќе од 27 години не го решава проблемот со отстранување на питачите во целата држава. Во овој проект целосно се вклучени и Владата, ОЈО Скопје, Републичкото јавно обвинителство. Здружението бараше од МВР да се почитува акцискиот план на МВР, кој го изготви за отстранување на питачите, и излегување на терен еднаш или два пати неделно, од сите полициски станици, да се опоменуваат и отстрануваат питачите и чистачите на автомобилски стакла, затоа што пречат на раскрсниците и ја загрозуваат сопствената безбедност и воопшто, безбедноста во сообраќајот – соопштија од „Градиме иднина“.

Притоа додаваат дека се вложиле во овој проект со голема работа и труд во изминатите четири години и четири месеци.

– Досега се отстранети питачите откај Железничката станица во Скопје, кај Качанички пат, булеварот „Партизански одреди“ кон раскрсницата кај „Мида“, кај МПЦ, како и кај трговскиот центар „Сити мол“ – информираат од Здружението „Градиме иднина“

Најавуваат дека во наредниот период ќе се отстрануваат питачите кај ТЦ „Мавровка“, во Старата скопска чаршија, Камениот мост, од булеварот кон Судска палата, па сè до трговскиот центар „Ист гејт“, како и од булеварот кај Автокоманда, кон дирекцијата на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кај Факултетот за земјоделство, шумарство и водостопанство кон „Алкалоид“, кај поранешниот дом „Ранка Милановиќ“, во Ново Лисиче кај ТЦ „Бисер“и на булеварот „Србија“.

Исто така, ќе се постапува и во општините Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров, Центар, како и во градовите: Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Неготино, Велес, Кочани, Штип, Пробиштип, Берово, Виница, Делчево, Македонска Каменица, Струмица и сите други во Македонија.

Од „Градиме иднина“ нагласуваат дека ќе биде доставен овој допис до Владата, до МВР – кабинетот на министерот, МТСП, Центарот за социјални работи Скопје, Одделот за внатрешна контрола на МВР, ОЈО Скопје и до Републичкото јавно обвинителство.

(А. П.)

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пеналите донесоа реми помеѓу Алавез и Осасуна

Следно

Thaçi: PDSH nuk do ti mbështesë protestat studentore, përmend Shqipërinë, BDI-në dhe Ambasadorin e Shqipërisë (VIDEO)

Latest from Blog

Русија го забрани извозот на дизел

Одлуката би можела дополнително да го зголеми притисокот врз глобалниот пазар на гориво, кој веќе е погоден од прекините во снабдувањето предизвикани од војната со Иран. Според податоците собрани од Блумберг врз

Кредибилитетот што го изградила во НАТО, Македонија да го искористи за деблокада во ЕУ, предлага Шекеринска

Кредибилитетот што Северна Македонија го изградила како сигурен, одговорен и рамноправен сојузник во НАТО треба мудро да се искористи за надминување на билатералните предизвици и за откочување на процесот на европска интеграција,

„Ова беше најголемиот грабеж во историјата на светските првенства“

Шпанскиот новинар Маноло Лама не штедеше зборови по драматичната победа на Аргентина над Египет во осминафиналето на Светското првенство, велејќи дека тоа е „најголемото судење во корист на една репрезентација во историјата

Во Барселона забележан нов температурен рекорд

Во многу популарниот туристички град на Шпанија, близината на морето го ублажува чувството на топлина, велат експертите. Земјата речиси навикната на високи температури Шпанската метеоролошка агенција Аемет вчера издаде црвено предупредување за

Колку лица годинава заработиле кривични пријави поради предизвикување на пожари?!

Во текот на актуелната 2026 година, од страна на Министерството за внатрешни работи се поднесени 8 кривични пријави за сторени 8 кривични дела „предизвикување општа опасност“ против 10 сторители, велат од МВР,
Go toTop