Мицкоски прво да испорача, па после ќе го дружат, до тогаш – изолација

November 8, 2024
3 mins read

Мицкоски беше длабоко изолиран во Будимпешта, на маргините, и тоа е уште една силна европска порака. Така ќе остане додека тој не испорача. Дружба ќе има дури тогаш кога неговите декларации за тоа дека местото на Северна Македонија е во рамките на Европската Унија ќе бидат препознаени низ конкретни чекори и исполнети обврски.

Зоран БОЈАРОВСКИ

Ептен е симптоматичен исклучително малиот број содржини од учеството на премиерот Христијан Мицкоски на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта. Тој таму беше придружуван од министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и од министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

На веб страницата на Владата нема ниту една информација за активностите на Мицкоски во Будимпешта, а на социјалните мреж има вкупно четири, ако ја бориме и видео изјавата во која тој го резимира учеството на самитот.

Останатите три се општи информации, од кои една за средбата со францускиот претседател Макрон, а другите две најопшти содржини врзани за пристигнувањето на самитот и содржина за групната фотографија на учесниците на самитот.

Ниту една информација за билатерелна средба, а во видео изјавата Мицкоски вели „во текот на денот направивме многу билатерални средби“.

Каде се фотографиите? Каде се информациите за содржините од тие средби? Или барем инфо кои се тите личности од „многу билатерални средби“.

Претседателот Вучиќ, на пример како лидер на земја кандидат за членство во ЕУ од Западен Балкан, во текот на тој еден ден во Србија имал средба со претседателката на владата на Данска Мете Фредриксен, со министерот за надворешни работи на Обединетото кралство Кир Стармер, со Макрон, со премиерот на Грузија Иракли Кобахидзе, со австрискиот канцелар Карл Нехамер…

Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, имал заедничка средба со некоклумина министри за надворешни работи што ја организирал унгарскиот министер Сијарто. Но, и како што вели и самиот Муцунски, станува збор за средба „во пресрет на самитот“, а не дека дел од програмата на самитот за кој вели: „Попладнево, како дел од делегацијата предводена од претседателот на владата, Христијан Мицкоски, учествуваме на Самитот на Европската политичка заедница, каде фокусот ќе биде ставен на теми како енергетската безбедност, економската сигурност и регионалното поврзување“.

Да не беше средбата со Макрон, Орхан Муртезани, министерот за европски прашања, немаше што да испрати од Будимпешта како информација, соопштение, било што за неговите активности на Самитот на Европската политичка заедница.

За да бидеме докрај отворени за дополнителни информации, Рацин.мк испрати прашања до службите за односи со јавноста на премиерот, на министерот за надворешни работи и трговија и на министерот за европски прашања.

Прашавме со кои лидери и членови на влади се сретнаа премиерот Мицкоски и двајцата министри за време на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, освен со францускиот претседател Макрон и со Виктор Орбан кој само ги пречека, а немаше информација дека имале и средба?

Доколку се сретналле со било кој, зошто немаше информации ниту на социјалните мрежи на премиерот и на министрите, ниту на веб страницата на Владата или соодветните министерства, ниту пак пренесоа медиумите?

Доколку сепак имало средби, во кој формат биле одржани? Како билатерални, како тет-а-тет или на маргините за време на паузите во салата или холовите на просторииите каде што се одржуваше Самитот?

Но, до моментот на објавување на овој текст, нема одговори на овие прашања.

Ако е тоа факт, тогаш само по себе се наметнува сознанието дека ова е резултат на односот на европските лидери кон врвот на македонската влада кој произлегува од другиот факт Северна Македонија не ги исполни обврските од преговарачката рамка, односно од „францускиот договор“ и со тоа го стави во заложништво процесот на проширување на ЕУ. Тое не е нешто преку што лидерите на ЕУ и на земјите членки, туку така можат да поминат.

Будимпешта, очигледно, е јасен сигнал за тоа што мисли ЕУ и европските лидери за ова прашање.

А не дека новата македонска влада не беше предупредувана. И тоа неколку пати.

Усрула фон дер Лајен посетата на Скопје за лансирањето на финансиската поддршка од Планот за раст ја искористи за да ја испорача таа порака:

„Речиси сме таму, знаеме дека се работи за уставните промени што вашата земја се обврза да ги спроведе, и како што рековте, сега ни треба заеднички напор, соработка и дијалог. Се надевам дека сите политички сили во земјата ќе се здружат за да го направат овој одлучувачки чекор напред“.

И на средбата со Макрон вчера во Будимпешта разговорот се движел во тие рамки.

Мицкоски не го кажува тоа, но, според информацијата на прес службата на францускиот претседател, Макрон на средбата истакнал дека Франција го поддржува патот на Северна Македонија во согласност со нејзините преземени обврски.

Да го оставиме настрана тоа што Мицкоски во видео изјавата вели ги презентирал „нашите аргументи“. Тоа „нашите“ повторени 5 пати во две реченици, е за дома.

Од сето ова не може, а да не се заклучи дека Мицкоски беше длабоко изолиран во Будимпешта, на маргините и тоа е уште една силна европска порака. Така ќе остане додека тој не испорача. Дружба ќе има дури тогаш кога неговите декларации за тоа дека местото на Северна Македонија е во рамките на Европската Унија ќе бидат препознаени низ конкретни чекори. Промена на уставот за исполнување на обврските, ни повеќе, ни помалку, како што порача и новата еврокомесарка за проширување на ЕУ Марта Кос.

П.С.

Дури и Орбан се откажа од тоа да им организира средба на Мицкоски и на Радев. И нему му стана јасно.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Сончоглед-ефект“ и во Македонија: На Османи му „текна“ дека и Ахмети се сретнал со Гренел во Скопје

Следно

МСУ најавува изложба на ретко изложувани дела од колекцијата

Latest from Blog

Игор Стефановски-Иџе ја брка третата победа на „Рампа да Фалпера“

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски-Иџе, овој викенд ќе ја вози третата трка во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки, на патеката „Рампа да Фалепра“ во португалска Брага. По првите две трки во

Турското беспилотно летало АКИНЏИ успешно го заврши тестот со сетот за наведување од домашно производство

ИСТАНБУЛ (АА) – Дронот „Бајрактар ​​Акинџи“, едно од истакнатите турски беспилотни борбени летала, успешно го заврши тестот за гаѓање со комплетот за наведување ТЕБЕР-83 на турската одбранбена компанија „Рокетсан“, објави денес компанијата

И Сиљановска Давкова со честитка до новиот папа!

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечерва упати честитка до новиот папа Лав XIV. „Топло му честитам на Неговата Светост Папата Лав XIV за неговото назначување за водач на Католичката црква и му посакувам

Мицкоски: Изборот на Лав XIV е симбол на ново време на отвореност

Премиерот Христијан Мицкоски, на својот фејсбук-профил, го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата лав четиринаесетти.   – Изборот на неговата светост, папата Лав xiv, прв понтиф со потекло од
Go toTop