Мицкоски: Посакувам СДСМ да наликува на конструктивна опозиција, но не очекувам Конгресот нешто повеќе да смени

November 24, 2024
1 min read

Посакувам СДСМ да наликува на конструктивна опозиција, но според почетните имиња кои се брифираат од медиумите не очекувам опозициската СДСМ на Конгресот да понуди нов квалитет на политичката сцена, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски.

– Морам да признаам дека и на нас како Влада ни е потребна квалитетна и конструктивна опозиција, но не очекувам Конгресот на СДСМ нешто повеќе да смени. Ќе продолжат лажните клевети, измислици, инсинуации, политика на ниски страсти, дневно политички теми, а не визија за иднината, изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање по денешното пуштање во употреба на нова спортска сала во ООУ „Наум Охридски“ во скопскиот село Булачани.

Им препорача да се преструктурираат и реконструираат и програмски и кадровски, но, додаде, од ова што го гледам понудата е тенка, а времето ќе покаже дали сум во право.

– Нивното членство и членовите на Конгресот најдобро знаат што и е потребно на партијата, но моја желба е СДСМ да наликува на конструктивна опозиција која ќе биде додадена вредност и ќе инспирира што е можно повеќе граѓани за следните избори, порача Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Рама на средба со албанската дијаспора во Лондон, пречекан со протест

Следно

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

Latest from Blog

Прв концерт на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан по две илјади години

Овој историски настан е прв јавен концерт што Ватикан го одржал во изминатите 2.000 години. Концертот беше заеднички режиран од Фарел Вилијамс и Андреа Бочели, а настапија Џенифер Хадсон, Карол Џи, ѕвездата

Ѓурѓај: На Конгресот на ФУЕН ќе бараме унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 69. Конгрес на

Меџити: Акредитирани лаборатории го мерат воздухот по пожарот во Трубарево

Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска на прес-конференција рече дека фирмата во која настана пожар во Трубарево имала важечка дозвола за рециклирање на отпад, и дека се мери

Македонија U18 славеше во Бугарија – Индонезија совладана со 1:0

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години оствари победа од 1:0 против селекцијата на Индонезија на контролниот натпревар одигран во Банско, Бугарија. Стрелец на единствениот погодок беше Иван Танчев, кој уште во првото
Go toTop