Мицкоски: По седум изгубени години – времето на Македонија допрва доаѓа!

June 28, 2025
1 min read

По повод една година од владеењето на Владата, премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави видео на својот фејбук-профил во кое вели дека по изгубените седум години, најдоброто доправа доаѓа. 

Ви ја пренесуваме пораката од видеото во целост: 

„Седум години… изгубени. Не беа само бројки, беа години во кои згаснуваа соништа. Во кои се гасеше светлината во очите на народот. Години во кои некој си играше со државата како со туѓа ствар. Со твојата мака, со твојата доверба. Секој почеток е тежок. А секој нов почеток е уште потежок. Зашто не почнуваш од нула, туку од минус. Од доверба што мора повторно да се заслужи. Ги поставуваш столбовите одново, ги зајакнуваш носечките што со години биле дотраени, кршени, рушени. 

Зашто без темели, нема иднина. 

Затоа, оваа прва година беше најважната. Година во која не зборувавме, туку работевме. Година во која не баравме изговори, туку влечевме први, болни, но нужни чекори. Темелите што ги поставивме стануваат основа на иднината која заеднички ја градиме. Најдоброто допрва ќе се случи. 

Она што сите го очекувавме. Она за кое бевме постојано разочарувани дека нема да дојде.  Она што го заслужуваме и конечно, го градиме. 
Заедно!

Ова е твојата земја. 

Ова е твоето време. 

Времето на Македонија допрва доаѓа. Ги градиме темелите на промените!“

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Белград заврши литературното попладне одржано од студентите кои се противат на блокадите

Следно

Легендата на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло ќе работи за Мекларен

Latest from Blog

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop