Мицкоски: Платформа 1 198 се потпира на модерен и прецизен пристап кон управување со ресурсите

March 24, 2024
1 min read

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски вечерва ја презентираше изборната програма „Платформа 1198“ , која симболично го означува бројот на најавени проекти. Како што рече, програмата се базира на 5 клучни столба. Активна и постојана борба за квалитетен животен стандард, борба против корупција, институции кои ќе работат според законите,  обезбедување на функционален систем за граѓаните и заеднички патриотизам кој во суштината е патриотизам кој обединува. Најдоминантно значење, како што кажа Мицкоски, во програмата има економијата. Најави намалување на даноците односно Македонија да биде меѓу земјите со најниски даноци за фирмите и граѓаните. 

Мицкоски во своето обраќање рече и дека е дојдено вистинското време, во услови кога треба да се штеди, парламентот да се сведе на 90 пратеници, а во иднина да се исполни барањето на помалите политички партии за една изборна единица. 

Во областа на земјоделието, програмата се залага за поддршка на малите и средните земјоделски производители, со фокус на технолошките иновации, Во секторот енергетика, Платформа 1 198 промовира користење на различни и еколошки извори на енергија, во делот на екологијата рече ќе се предлагаат конкретни политики во насока на зачувување на природните ресурси, борбата против климатските промени и подобрувањето на квалитетот на животот. Во доменот на инвестициите, ќе биде промовиран концепт за откриванње и привлекување на домашни и странски инвестиции кои ќе ѝ дадат нова енергија на економијата.Во однос на демографијата и спречувањето на исселувањето се предвидуваат мерки со кои ќе се генерираат услови за намалување на исселувањето на краток рок, а на среден ќе се овозможи повторно враќање на оние кои веќе си заминаа од своите родни огништа. Мицковски најави и модифицирање на мерката „Купи куќа за млади“. 

На обраќањето на Мицкоски му претходеа пет партиски дебати за различни области. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОВА Е НАВОДНИОТ ЉУБОВНИК НА КЕЈТ: Таа три месеци се бори со пеколната болест, а тој е пронајден мртов – до него детаљ за што молчи целиот свет! (ФОТО)

Следно

ЕДЕН ДЕТАЉ ГО ИЗДАЛ МНОГУ ПОРАНО: Како принцот Вилијам дознал дека Кејт има рак?

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop