Мицкоски: Овој Конгрес не е само организациска обврска, туку мост меѓу она што бевме и она што мора да станеме

December 6, 2025
1 min read

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на отворањето на денешниот 18-ти Конгрес на партијата кој се одржува во спортскиот комплекс ,,Јасмин” во општина Кавадарци под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, имаше свое обраќање, каде истакна дека Македонија треба да избере зрелост и визија наместо ситни пресметки. Тој нагласи дека промените произлегуваат од луѓе кои не се помируваат со ограничувањата и дека Македонија има многу поголем потенцијал кој треба да се ослободи.

-Во секој политички миг постои прашање што ја мери зрелоста на една нација: дали сме генерација што сака да го продолжи обичајот на очекување, или да ја прекине навиката на одложување? Денес, овде, изборот веќе е направен. Нема враќање назад. Овој конгрес не е само наша организациска обврска; тој е мост меѓу она што бевме и она што мора да станеме. И токму затоа, нашата одговорност не е да ја повториме историјата, туку да ја создадеме иднината што тие пред нас ја посакувале, а ние сме должни конечно да ја реализираме, посочи Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека Македонија има многу повеќе капацитет, многу повеќе талент и сила, и како што вели тој, треба да се врати чувството дека земјата не се води според притисоци туку според принципи.

-Сето што го говоревме денес не е политичка желба, туку државничка потреба. Затоа што државата не може да чека. Иднината не може да се паузира. Македонија нема едно столетие да се подготвува за тоа што треба да го направи денес. Ова е моментот кога мора да ја избереме зрелоста пред личните комфорности, долгорочноста пред ситните пресметки, обединувањето пред поделбата. Затоа што народ што се плаши од сопствената сила станува плен на туѓите слабости. А народ што верува во својата мисија станува пример и за себе, и за светот, рече Мицкоски и додаде:

„Во сите овие години научивме дека најголемата промена не доаѓа од декларациите, туку од луѓето што одбиваат да се помират со тоа дека ова е максимумот на државата. Македонија има многу повеќе капацитет, многу повеќе талент, многу повеќе неискористена сила од она што го гледаме. Нашата задача е да ја ослободиме. Да го запалиме тој жар. Да го вратиме чувството дека оваа земја не се води според инерција, туку според визија. Не според притисоци, туку според принципи. Не според страв, туку според достоинство“.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка и Макпетрол со најголем неделен промет, МБИ10 со благ раст

Следно

Израелскиот амбасадор во САД повика на мир со Либан

Latest from Blog

СЗО ПРОГЛАСИ ЕПИДЕМИЈА НА ЕБОЛА во Конго и Уганда

Светската здравствена организација (СЗО) денес ја прогласи епидемијата на ебола во Демократска Република Конго и Уганда за „јавноздравствена вонредна состојба од меѓународен интерес“, пренесува Би-Би-Си. СЗО соопшти дека епидемијата, предизвикана од вирусот

(ВИДЕО) Меџити најави нов удар по коцката и комарот: „Казината се затвораат, следни се брзите кредити

Изет Меџити преку видео-обраќање на социјалните мрежи го поздрави донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа, оценувајќи дека со него започнува, како што рече, „правната борба против коцката и комарот“. Копретседателот

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА БАРААТ ЕУ ДА ГО ПОЧИТУВА НАШИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ

Централниот совет на Македонците во Германија со седиште во Берлин поднесе формална жалба до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, поради тешки повреди на основните договори на Европската унија во рамките на

СПЦ го разреши Јустин – шест владици гасале против

Митрополитиот Жички Јустин е разрешен на Светиот архијерејски собор на Српската православна црква, објави вечерва порталот Нова.рс, повикувајќи се на свои извори од Сободот. За смената на митрополитот жички Јустин гласале 27
Go toTop