Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено (ВИДЕО)

February 15, 2026
2 mins read

За Македонија членството во рамките на Европската Унија не е милост, туку нешто кое што одамна го заслужила, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Во интервју за Македонската радио-телевизија (МРТ) на маргините на Минхенската безбедносна конференција  Мицкоски  рече дека македонската Влада се бори да укаже на неправдите низ кои поминала земјата во евроинтегративниот процес и дека членството во Европската Унија не е милост, туку нешто што одамна го заслужила.

Осврнувајќи се на средбите во Минхен, Мицкоски изјави дека Владата, каде и да оди „се бори да ја раскаже својата верзија од приказната“.

-Генерално, ние како македонска Влада, каде и да одиме, се бориме за она за кое што веруваме, а тоа е да ја раскажеме нашата верзија од приказната, која што според нас е вистината. Да кажеме за сите оние предизвици низ кои што како народ, како држава, ги поминавме изминативе децении, кога станува збор за евроинтегративниот процес, рече Мицкоски.

Нагласи дека „за Македонија членството во рамките на Европската Унија не е милост, туку нешто кое што одамна го заслужила“.

-Да укажеме на сите, би рекол, неправилности, да укажеме на сета неправда која што нам ни е нанесена, и како народ, и како држава, но исто време да потенцираме дека суштината е да не се сруши имиџот и кредибилитетот на самата Европска Унија. Имаме чувство, и македонските граѓани чувствуваат фрустрација и имаат чувство дека некој од самата Европска Унија, не од надвор, туку од внатре, како да сака тој имиџ и тој кредибилитет да го уништи, рече Мицкоски.

Според него, македонската приказна е тажна и полна со предизвици, но, вели, Македонија секогаш победува.

-Секаде каде што одиме, каде се бориме и каде ја зборуваме македонската приказна. Таа е тажна, таа е полна со предизвици, но секогаш да знаете дека Македонија победува. Така ќе биде и во овој случај. Колку и да требало време, ние ќе се бориме и ќе сме трпеливи, рече Мицкоски.

Коментирајќи ја овогодинешната конференција, Мицкоски оцени дека пораките од американската страна годинава биле помеки во однос на минатата година, но, како што рече, суштината е иста. Заклучокот, според него, е дека Европа и Америка се партнери и пријатели, но „мора да се знае кој какви одговорности има во тоа партнерство и пријателство“.

-Минатата година можеби пораките беа подиректни, оваа година беа во позавиена форма, кога зборуваме за пораките кои доаѓаат од Соединетите Американски Држави, но суштината е иста. Суштината е иста, мора да се знае кој каква одговорност има и визави одговорноста, кој ги владее придобивките од таа одговорност, изјави Мицкоски.

Говорејќи за заедничката изјава на Македонија и Соединетите Американски Држави околу трговијата, Мицкоски појасни дека станува збор за трговски тарифи, а не царини.

-Тоа не се царини, тоа многу е битно да се каже за македонските граѓани, тоа се трговски тарифи. Во тие трговски тарифи се вклучени неколку, „инфлоу“ како што ги викаат, дел може да бидат царини, дел се даноци, дел друг тип на давачки, но сето тоа тие го обликуваат како трговска тарифа, рече Мицкоски.

Истакна дека Македонија добила исти услови како државите од Европската Унија, односно тарифа од 15 отсто, и е единствената земја во Европа надвор од ЕУ која на билатерална основа со САД договара ваков договор.

-Македонија доби исти услови, кога станува збор за висината на тарифата, како што има самата Европска Унија – 15 отсто, и е единствената земја во Европа, надвор од Европската Унија, која што на билатерална основа со Соединетите Американски Држави разговара, договара ваков договор, кој што допрва треба да се усогласи во детали. Сега само е усогласена заедничката изјава, која што практично ја одредила рамката во која што ќе се движи договорот, појасни Мицкоски.

При учеството на 62-та Минхенска безбедносна конференција Мицкоски учествуваше на тркалезна маса „Отворена врата или отворен крај? – Исполнување на ветувањата за проширување на ЕУ” и оствари средби со холандскиот премиер Дик Схоф, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, украинскиот претседател Володимир Зеленски, со Ричард Гренел, специјален пратеник на претседателот на САД Доналд Трамп за специјални мисии, претседателот за глобални прашања и ко-раководител на Глобалниот институт Голдман Сакс Џаред Коен и со Тед Дојч од Американско-еврејскиот комитет. 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Манасиевски: Неодговорноста на Филипче во пожарот во модуларната болница е пример дека СДСM биле заштитени од правосудните органи

Следно

Тригодишно девојче и девојка се удавија, седуммина се исчезнати кога потона туристички брод во Амазон (ВИДЕО)

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop