Мицкоски: Нема одлука за избор на фирма која ќе гради катна гаража и ќе управува со паркингот во клинички центар

March 7, 2025
1 min read

Владата нема донесено таква одлука и не знам од каде е таа информација, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање по објавите за избор на фирмата „Ѓока констракшн“ преку јавно-приватно партнерство да гради и управува со паркингот во Клинички центар во Скопје. Мицкоски посочи дека при изборот ќе се земат во предвид бонитетот и кредибилитетот на компанијата.

– А што ќе земеме предвид? Во предвид ја земаме тендерската спецификација и се разбира, фирма што нема кредибилитет, нема бонитет, ниту технички карактеристики, нема да биде избрана и тука сето тоа завршува. Бидете сигурни. Јас разбирам дека има потреба од сензација, напад кон Владата, но оваа влада работи поинаку од досегашниот принцип, односно одлуките кои оваа Влада ги носи се исклучиво во интерес на граѓаните и нема да биде поинаку. Така што, бидете сигурни секоја одлука којашто ја носи оваа влада е исклучиво во интерес на граѓаните, рече Мицкоски, при денешната посета на населбата Драчево во општина Кисела Вода, во одговори поврзани со компанијата,

Според него, оваа информација е измислена за да се напаѓа владата и нејзината работа.

– Ако ние бараме начин како да ја напаѓаме владата за нешто што не се случило, тогаш можеме и да измислуваме работи. Но јас ви кажувам дека таква одлука нема донесено владата, подвлече премиерот.

Во врска со прашањето за јавно-приватно партнерство за паркингот на Клиничкиот центар Мајка Тереза, министерот за здравство Арбен Таравари претпладнево изјави дека договорот ќе биде потпишан доколку по првичната помината процедура помине уште неколку филтри.

– Не е потпишан. Паркингот на Клиничкиот центар секогаш прави многу нервоза. Ако за понудата, еве слушам, секогаш многу ми значи јавноста што ќе каже, ако ми кажат дека нешто не е во ред, пуштено е и во Влада, ако и таму ми кажат дека има одредени пропусти, нема да имаме ништо. Ќе го поништиме, ќе објавиме нов, но само ќе изгубиме една година, рече Таравари, на новинарско прашање при посетата на Клиниката за инфективни болести.

Таравари појасни дека рокот за стопанисување со паркингот не е 20 години, како што е предвидено со физибилити студијата и нема да биде повеќе од седум до 10 години.

Рокот за изградба на монтажните катни гаражи доколку биде потпишан договорот, како што рече, најверојатно е шест месеци до една година. Владата на седница на 20 август минатата година донесе одлука да се градат монтажни катни гаражи на Клинички центар со јавно-приватно партнерство и формираше Комисија за спроведување на постапката. Со паркингот на Клиничкиот центар моментно стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски или Перински за Град Скопје? – Мицкоски: Не ми кажале дека се заинтересирани

Следно

Израелските сили извршија рации во џамиите на Западниот Брег, ја запалија историската џамија Ал-Наср

Latest from Blog

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,
Go toTop