Мицкоски: Наместо да ја донесеме Европа до Балканот, ние го донесовме Балканот во Европа

February 16, 2025
1 min read

На денешниот настан во рамки на Минхенската безбедносна конференција наменет за пристапот на Балканот кон ЕУ, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека македонскиот пат кон ЕУ започна многу пред да започне евроинтегративниот процес на Албанија, дури и пред Хрватска, но за нас системот на заслуги е бајка.

„За нас бајката стана подвижна мета. Ние сме жртви на билатеризација или да бидам попрецизен, нашето придвижување кон ЕУ е многу комплексна. Наместо да ја донесеме Европа до Балканот, ние го донесовме Балканот во Европа. За жал има земји членки на ЕУ кои доаѓаат од Балканот кои донесоа билатерални спорови заедно со нив во Брисел, наместо бриселските вредности да ги донесат на Балканот“, рече премиерот Мицкоски на Минхенската безбедносна конференција.

„Промената на името не беше единствен пример за мешање во внатрешните работи на суверена држава. Да ве потсетам тука беше и промената на знамето. Наш маркер е и останува да биде, да станеме дел од ЕУ, без сомнение. Слушам некои коментари тука дека имало говор во текот на првиот ден од американскиот заменик-претседател Венс и дека тој говор значел големо мешање во внатрешните работи.

Промената на името, промената на знамето, промената на валутата, што се? Не се мешање во внатрешните работи. Колку долго треба да патиме од двојните стандарди? Ние тука не зборуваме за процес заснован на системот на заслуги, ние зборуваме за билатерални спорови кои не треба да имаат ништо заедничко со европските вредности“, дополни Мицкоски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кањонот во долината Ихлара е комбинација на природна убавина и културно и историско наследство на Туркије

Следно

Рама: Изборот на Трамп е најдарежлив божји чин кон ЕУ, тоа е шанса Европа да се разбуди

Latest from Blog

Авион на „Рајанер“ удрил во цистерна на аеродромот во Единбург, патниците евакуирани

Авион на ирската авиокомпанија „Рајанер“, на лет за Португалија, денеска удрил во цистерна за гориво на аеродромот во шкотската престолнина Единбург, поради што патниците биле евакуирани, соопшти портпарол на аеродромот, додавајќи дека

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава, шпекулативно ја отвориле медиуми од Обединетото Кралство, и тоа не само
Go toTop