Мицкоски: Најважната битка од сите наши борби е борбата за стандардот и животот на луѓето

October 11, 2025
2 mins read

Знам дека сме во период на избори и во период кога сензитивноста е преголема на сите страни. Но сакам да подвлечам две работи. Првата – дека имаме сериозен проблем дома со испораката на правдата, а клучот на сите заглавени обвиненија седи на две адреси со заеднички господар, порача премиерот Христијан Мицкоски од Прилеп, во својот говор на Свечената академија за денешниото празник.

-Судството и обвинителството се во канџите на политиката, и тоа мора да се ослободат. Не може за милиони украдени пари да не се одговара поради нечија политичка близина. И ако е така, во овие случаи, нема правда, што ли се случува со многу други случаи на граѓани заглавени за ситни, но за нив многу важни предмети – меѓу нив имоти, кривични пријави и граѓански спорови. И за овој ресет на системот што ќе го спроведеме, не мислам на реванш, а во изминативе месеци покажав дека правдата е за сите иста и за, како што вели нашиот противник, „наши и ваши“, и овие категории нема да имаат разлика и за мене се апсолутно непознати. Туку или некој се огрешил, или не се огрешил кон законот. Или е криминалец или не е. Или ќе има правда, или нема да нè има. А мора да нè има и мора да победиме со градење на систем во кој мора да веруваме и што ќе го оставиме на чесните професионалци, посочи премиерот.

Мицкоски ја нагласи  посветеноста кон она што го бара народот, а тоа се резултати и работа.

-Можам да соопштам дека и во период на кампања работам на нови инвестиции кои за брзо ќе бидат соопштени и наутро редовно држам состаноци за нови проекти и мерки што ќе ги преземеме заедно со моите колеги во Владата, не само до крајот на годината, туку и во следните 5 до 6 години и што на државата ќе ѝ дадат нов облик и нова енергија. Најважната битка од сите наши борби е борбата за стандардот и животот на луѓето. И тука ќе дадам сè од себе за народот и сите граѓани да живеат подобро, побогато, во систем што нема да ве разочарува и што ќе се темели на принципи и вредности. Мора да знаете на вистинската патека сме и иднината, верувајте, ќе биде наша. И затоа денес, кога ја славиме храброста на нашите предци, нека знаат и нашите потомци  дека одиме по вистинската патека, рече тој.

Мицкоски порача дека Македонија оди по патеката на достоинството, на трудот, на знаењето и на победата.

-Патеката по која чекореле тие што не се плашеле од темнината, затоа што во срцето носеле светлина – светлина на слободата. Да, можеби патот не е лесен. Но е вистинскиот. Не е срамен. И тој пат го градиме со срце, со вера и со љубов кон татковината. Секој чекор е за иднината на нашите деца, за младите што сакаат да останат тука дома. Ова е времето на генерацијата што не се двоуми, генерацијата што ја гради својата земја со дела, не со зборови! Генерацијата што ја продолжува борбата започната на 11 октомври – борбата за достоинство, за правда и за слобода. Чекориме со истата вера и со истата идеја дека Македонија е вечна додека има луѓе што ја љубат.  Чекориме со срце што не се плаши, со народ што повторно се обединува, со генерација што верува дека татковината, да,  има иднина. Не е ова патека за кратки победи, посочи тој.

Оцени дека ова е патека на истрајност, патека на работа, на знаење, на дела.

-На вистинската патека нема место за предавства, нема место за страв, нема место за поделби. Од Куманово до Битола, од Дебар до Делчево, од Кратово до Преспа, повторно се будиме. Станува нашата татковина земја што верува во себе, земја што создава, земја што не се плаши да сонува големи соништа. И затоа, со гордо кренати глави, со срца исполнети со љубов, да кажеме гласно и јасно: Ние сме тие што одиме по вистинската патека – за татковината што има иднина. И кога ќе се свртиме и видиме црвеното знаме со сонцето на слободата, да се сетиме дека тоа сонце изгрева само за тие што не се предаваат, порача премиерот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѕвездите најавуваат УБАВ ВИКЕНД, а еве и за кои знаци

Следно

Подгответе ги највкусните мини пици, готови за само десет минути

Latest from Blog

Тоневски: Граѓаните и месните заедници клучни за развој на Пробиштип

Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски, денес оствари работен состанок со претседателите на месните заедници чиј мандат е истечен. На состанокот се дискутираше за отпочнување на постапката за избор на нови претседатели

Николоски: Стратешкото партнерство со САД гарантира развој и безбедност

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска остварил неколку средби на високо ниво во Стејт департмент на САД, каде разговарал за унапредување на односите меѓу Северна Македонија и Соединетите

Фото: Три брода се погодени со проектили во Ормутскиот теснец

Еден од нападите предизвика пожар на товарен брод, што предизвика евакуација на поголемиот дел од екипажот, објави Ројтерс. Тајландски брод во пожар Според два извори за поморска безбедност, целта на нападот бил

СЕ ПРОДОЛЖУВА РОКОТ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ТРАКТОРИ, ПРИКОЛКИ И ДРУГИ МАШИНИ: Едногласно усвоен Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за возила

Пратениците на денешната седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетски политики едногласно го усвоија Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка. Пратеникот во
Go toTop