Средба со здравствените работници од Битола денеска оставри претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тие се соочуваат со огромни проблеми и предизвици во своето работење. Недостигот на кадар е огромен проблем за функционирањето на Клиничката болница Битола, како и немањето или нефункционирањето на медицинските апарати. Слушнав квалитетни решенија и предлози за рестартирање на здравствениот систем.

На здравствениот систем му е потребно целосно реформирање и реконструирање. Потребно е итно превземање на огромни чекори за надминување на катострофалната состојба во Клиничката болница во Битола, објави Мицкоски.

Посочи дека е важно е да имаме квалитетно здравство, задоволни лекари и пациенти.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.