Мицкоски на средба со сопственикот на „Фор-ај-џи (4iG)“, ќе се инвестираат 100 милиони евра во Македонија

January 21, 2026
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски со порака од Давос дека вториот ден го започналее со продуктивни состаноци.

-Денот го започнавме со состанок со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, компанија која што ја доби дозволата за третиот мобилен оператор во Македонија. Разговаравме за неговите планови, откако нормално ги упати средствата кои што се потреби за добивање на лиценцата. Она коешто тој ме информираше е фактот дека во следниот период ќе инвестира повеќе од 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор. Што добиваат граѓаните? Граѓаните добиваат нова компанија која ќе нуди мобилни услуги и компанија којашто, сигурен сум дека ќе влијае позитивно во намалување на цените на услугите кои што мобилните оператори ги нудат за граѓаните во Македонија, рече Мицкоски.

Премиерот истакна дека понатаму, денот го продолжиле на панел каде што разговарале со светските лидери и претставници на мултинационални компании за предизвиците на човештвото во годините кои што следат.

-Се разбира еден од најголемите предизвици е вештачката интелигенција. Но, вештачката интелигенција само по себе не значи ништо, отколку само два обични збора. Но, кога ќе влезете во суштината ќе сфатите дека за да вие создадете општество кое што во иднина сериозно ќе ја користи вештачката интелигенција потребни се неколку предуслови, пред се сигурна енергетска стабилност и нормално развој, бидејќи сите оние дата центри имаат потреба од струја, односно од електрична енергија и второ ни треба ИТ инженери односно ни требаат инженери кои што ќе ја користат таа вештачка интелигенција за потребите на општеството и потребите на граѓаните, рече Мицкоски.

„Се разбира дека ние како држава не смееме да останеме надвор од овие процеси, бидејќи тоа се процесите кои што ќе го опишат човештвото во годините кои што следат. Тоа се процесите кои што ќе имаа водечка улога во следните 10, 15, 20, 25 години. Македонија нема да седи на страна, туку Македонија ќе биде активен учесник во сите овие процеси.

Продолжуваме со нашиот престој во Давос, во текот на денешниот ден имаме бројни билатерални средби, а истото тоа ќе се случува во текот на утрешниот ден“, посочи Мицкоски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка, Алкалоид и НЛБ Банка најтргувани, МБИ10 со пад од 0,91%

Следно

Рускиот одговор на Starlink ќе пристигне во 2026 година

Latest from Blog

Божиновска: „Македонски рубин“ добива заштита, контрола и систем за препознатливост

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заокружува клучната институционална фаза од процесот на заштита и афирмација на „Македонски рубин“ – од иницијативата покрената во 2025 година, преку изработка на Елаборат

Тоневски: Мала Богородица е празник кој со посебна почит се одбележува во Лесново

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати честитка по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, кој со посебна почит и традиција се одбележува во Лесново. Во рамки на празничните

Коњановски: Новата еко училница е пример како училиштата можат да создаваат поинаква средина за учење

Земјоделското училиште „Кузман Шапкарев“ денес го претстави успешно реализираниот проект „Зелена еко училница“, проект поддржан преку програмата „Апшифт“ за подобрување на училишната средина, а реализиран од колективот и учениците. Градоначалникот на Битола
Go toTop