Мицкоски: На партискиот состанок ги поставивме контурите за коалицискиот потенцијал

May 9, 2024
1 min read

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска информира дека на 9 мај одржал партиски останок на кој биле поставени контурите на рамката врз која ќе го градат коалицискиот потенцијал со останатите партии.

„Фокусот ќе бидат луѓето на прво место: економски силна држава, преку реформи и чекори кој ќе бидат жестока битка за повисок животен стандард, фронт против криминалот и корупцијата и постигнување на правда, како и реализација на стратешкиот интерес за европски интеграции, преку дијалог и исполнување на принципи“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Мицкоски додава дека очекувањата се големи, и оти поради тоа одговорноста кон народот е уште поголема.

Состанокот следува по одржаните парламентарни избори на 8 мај на кои според првичните резултати на ДИК Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 58 мандати во новиот 120 член собраниски состав.

Потоа Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 18 пратеници, Европски фронт на ДУИ 19 пратеници, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 13 мандати, Левица 6 пратеници, а исто толку има и Движење ЗНАМ – За наша Македонија. Останатите партии и коалиции кои учествуваа на изборите имаат под еден процент гласови.

Во исто време вчера се одржаа и претседателските избори на кои победи универзитетската професорка Гордана Сиљановска – Давкова, која ќе биде прва жена претседателка на Северна Македонија.

Сиљановска – Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашниот вторт круг од претседателските избори, го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски. Според првичните резултати на ДИК, Сиљановска-Давкова освои 560.170 гласови (65,14%), а нејзиниот противкандидат Пендаровски од СДСМ 251.541 (29,25%).

Извор: Радио Слободна Европа

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мцкоски: Новата влада ќе биде формирана наскоро

Следно

Пленковиќ: Веќе имаме 76 потребни потписи

Latest from Blog

Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

Во срцето на секоја заедница стојат приказните кои не обликуваат, а во Скопје, тие приказни веќе осум децении се раскажуваат на сцената на Драмски театар. Токму во годината на овој значаен јубилеј

Повеќе ред и хигиена на гробиштата во Прилеп

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп поставија дополнителен број корпи за отпадоци на Старите и Новите градски гробишта во Прилеп, со цел подобрување на хигиената и одржувањето на просторот. Од претпријатието информираат дека

Божиновска: Модернизацијата на енергетиката продолжува со нови проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 киловолтна трафостаница „Централна“ во Скопје,
Go toTop