Мицкоски: На Ескобар му кажав дека власта ги злоупотребува претставниците на меѓународната заедница со лажни информации

August 26, 2023
1 min read

реклама



Беше тоа средба конструктивна и пријателска помеѓу стратешки пријатели , САД како наш најголем и најзначаен стратешки партнер и Македонија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за што разговарале со Габриел Ескобар и дали Македонија е поблиску до решение.

Мицкоски посочи дека го искажале ставот на партијата и уште еднаш потврдиле дека ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа уставни измени под бугарски диктат.

реклама

„Ги аргументиравме нашите позиции, го кажавме нашиот став го потврдивме и аргументиравме. Зошто тој е став е таков, зошто ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа уставни измени под бугарски диктат. Предложивме она кое што е јасно во јавноста дека оваа влада има кредибилитет нула, морам да признам без зачуден дека оваа влада покрај тоа што има нула, ги злоупотребува претставниците на меѓународната заедница, чии што дел се и САД, со лажни информации, и дел од тие лажни информации моравме да ги дебрефираме за време на состанокот и за време на средбата со Ескобар и амбасадорката Агелер, рече тој.

Мицоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од било кој загрижена за состојбата во која се наоѓа државата бидејќи како што рече тој го делат секојдневието во кое живеат граѓаните и најголем приоритет им е квалитетот на граѓаните.

реклама

„И ценам дека сега и лично на господинот Ескобар позициите на ВМРО-ДПМНЕ му се појасни. Ние сме исто така како нив загрижени за актуелната состојба во Македонија, но нашата загриженост ќе си дозволам да кажам е многу поголема, затоа што сепак ние живееме во оваа држава. Го делиме секојдневието, се бориме да го промениме тоа секојдневие и да значајна ни е соработката со сите наши стратешки партнери и соработката со меѓународната заедница. Но, најголем приоритет има квалитетот на нашите сограѓани и состојбата во која нашите сограѓани живеат во Македонија. За тоа да се промени потребни се предвремени парламентарни избори, затоа што оваа влада секако има кредибилитет нула и единствената платформа и политика која ја имаше а тоа беше прифаќање на бугарски диктат и се удри во ѕид, видовте  немаат 2/3, немаат 80 пратеници и не постои ниту една друга сврзана точка која што на нив им била да останат ден повеќе таму каде што се, смета Мицкоски.

Претседателот Мицкоски истакна дека потребни се предвремени парламентарни избори бидејќи владата на СДСМ и ДУИ е влада без народен легитимитет и политички кредибилитет еднаков на нула.

реклама

„Секако оваа пролет ќе имаме редовни парламентарни избори, но нашата цел е колку поскоро  имаме предвремени парламентарни избори, толку повеќе да дојде влада со народен легитимитет, бидејќи оваа влада без народен легитимитет и политички кредибилитет еднаков на нула, не може да испорача реформи и Македонија да ја придвижи на патот кон Европа. Единствено што може е да намести уште некој тендер повеќе и уште неколку милионери да направи од своите редови, изјави Мицкоски.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Санчез: Отсекогаш сакав да останам во Марсеј, но тоа не зависеше само од мене

Следно

Поетска антологија посветена на флората

Latest from Blog

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на

Николоски: Инфраструктурата и капиталните вложувања во фокусот на средбата со германските компании

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска остварила бизнис-средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои веќе работат во Македонија, информираше вицепремиерот Александар Николоски. Во фокусот биле можностите за
Go toTop