Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

July 14, 2025
1 min read

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ.

„Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни со повратот на ДДВ кон фирмите и граѓаните. Наместо да ја заврши работата на институциите, Мицкоски им порача на фирмите кои чекаат со месеци да му се јават нему лично. Ова е уште една потврда дека државата е претворена во партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ, каде наместо институционални решенија, на граѓаните и компаниите им се нуди партиски телефон на премиерот“, велат во СДСМ.

Од таму додаваат дека срамно е премиер на една држава да им порача на граѓаните и фирмите кои со месеци чекаат свои пари дека „ако имаат проблем, нека му се јават“.

„Ова не е приватна фирма на Мицкоски, туку држава со закони и институции, кои денес се ставени во служба на неговата пропаганда, а не на народот. Додека фирмите чекаат пари за да исплатат плати и да опстанат, Мицкоски шета по автопати и дели изјави дека „немало проблем“.
Најмалку што може да направи е да ги забрза исплатите и да им се извини на сите на кои државата им должи. Граѓаните и фирмите не му должат ништо на Мицкоски за да му се јавуваат – тој им должи“, велат од СДСМ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проширувањето на ЕУ ќе биде високо на агендата на данското претседателство

Следно

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop