Мицкоски: Комплетно се реконструира градскиот базен во Кавадарци, во вредност од 48 милиони денари

August 30, 2025
1 min read

Навистина, прилично голема динамика на реализација на капиталните проекти овде во Општина Кавадарци, и ја користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот, на советниците, на пратениците, на колегите во Владата коишто даваат се од себе за да обезбедиме некој денар плус за да може да се инвестира во општините и да покажеме разлика, тоа што во минатото се крадеше, сега се гради, изјави претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

Тоа е суштинската разлика помеѓу Владата на СДСМ и ДУИ којашто 7 години крадеше, буквално многу малку изгради, и оваа Влада којашто откако е избрана, го управува својот 15ти месец откако сме Влада на ВМРО и коалицијата којашто континуирано гради за овие 15 месеци, започнува нови проекти, ги завршува старите проекти. Така што јас мислам дека во оваа насока треба да продолжиме и во иднина. Општина Кавадарци во првите 2 повици доби околу 7 милиони евра. Нешто што претставува значаен драјвер и во локалната економија, но и го подобрува квалитетот на живот на самите жители на Кавадарци. Овој базен, градски којшто многу скоро од денес ќе биде пуштен во функција јас мислам ќе биде исклучително убаво место за кавадарчани да се дружат, да поминуваат дел од летните денови тука. И мислам дека ако се оди според динамиката, веќе следната година ќе го имаме во целосна функција, истакна Мицкоски.

Така што еве, јас уште еднаш би сакал да се заблагодарам на градоначалникот, на советниците, на пратениците, на колегите во Владата, на министерката за образование, на сите они коишто навистина вложуваат атом повеќе енергија за да граѓаните добијат поквалитетен живот, за да имаме можност да понудиме поквалитетен живот за граѓаните, додаде Мицкоски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски за Турунџев: Никогаш заборавен, секогаш почитуван

Следно

„ChatGPT“ упорно одбива да изврши една задача

Latest from Blog

Тендерска постапка за изградба на гасовод меѓу Македонија и Србија

Номагас, акционерско друштво во државна сопственост за пренос на природен гас, наскоро ќе отвори тендер за избор на проектант и изведувач на интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Србија. Овој проект е дел

Се појавија делови од мировниот план за Иран во 15 точки

Пакистанските функционери, исто така, се осврнаа на содржината на предлогот, велејќи дека тој ги вклучува следните точки: • Олеснување на санкциите • Соработка во цивилната нуклеарна енергија • Враќање на нуклеарната програма

Се појавија делови од мировниот план за Иран во 15 точки

Пакистанските функционери, исто така, се осврнаа на содржината на предлогот, велејќи дека тој ги вклучува следните точки: • Олеснување на санкциите • Соработка во цивилната нуклеарна енергија • Враќање на нуклеарната програма

Премиерот предупреди: Во владата има луѓе што не го даваат максимумот

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во интервју за „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа порача дека Владата дава максимум во работењето, но истакна дека кај одредени поединци има дилеми и задршки. „Ние
Go toTop