Мицкоски ќе присуствува на пуштање на целосно реновираниот прв кат на Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје

December 29, 2024
1 min read

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, утре 30.12.2024 година (понеделник) со почеток во 11:30 часот, ќе присуствува на пуштање на целосно реновираниот прв кат на Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје.

Клиника за психијатрија, отворање на комплетно реновиран прв кат, поставувањето нова фасада, нов кров и нова фасадна столарија на клиниката. Со ова значително се подобрува енергетската ефикасност на клиниката, се намалуваат губитоците на топлинска енергија и ќе има заштеда на електрична енергија, средства кои повторно остануваат во здравствениот систем во интерес на пациентите.

Првата фаза од проектот е финансирана преку Светска банка во соработка со Министерство за финансии во делот на подобрување на енергетската ефикасност реализирана минатата година, по што Министерството за здравство се вклучи во делот на внатрешно реновирање, односно комплетно е реновиран првиот кат, каде има и посебно адаптирана болничка соба за лица со хендикеп.

Вкупната сума на инвестицијата изнесува над 40.000.000 денари. Преку проектната единица на Министерство за финансии за првата фаза се инвестирани 29.000.000 денари, а 12.000.000 денари преку Министерство за здравство за реализација на втората фаза.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Очекувам огромна инвестиција од околу 350 милиони евра

Следно

Манчестер Сити ја прекина негативната серија со успехот над Лестер

Latest from Blog

Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

Трамп тврди дека има дипломатски сигнали за преговори со Иран но, од друга страна неговиот највоинствен министер најавува решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни. Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од
Go toTop