Мицкоски и Муцунски се сретнаа со екс директорот на американското национално разузнавање, Гренел

August 14, 2024
1 min read

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, придружуван од министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, оствари средба со поранешниот директор за национално разузнавање на САД, Ричард Гренел, информира владината прес служба. 

На средбата се дискутирало за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, при што било истакнато значењето на одржување на мирот, безбедноста, стабилноста и продлабочување на односите и соработката меѓу државите во овој дел од Европа. Посебен акцент бил ставен на односите меѓу САД и Република Северна Македонија, како и на можностите за нивно дополнително зајакнување, се наведува во владиното соопштение.

Биле анализирани можностите за искористување на потенцијалите за идни заеднички инвестиции во проекти значајни за регионот. Во наведениот контекст беше разгледана можноста за евентуално американско учество во енергетскиот проект „Чебрен“, кој има стратешко значење за енергетската независност на земјата, се наведува во соопштението од владата. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Туркије ќе го задржи својот „конструктивен, проактивен пристап“ кон надворешната политика

Следно

Бислими: ЕУ се заканува со нови мерки кон Косово доколку се имплементира договор постигнат во Брисел

Latest from Blog

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена
Go toTop