Мицкоски и Дамева на 40 – минутна средба во владата – премиерот не ја напушта идејата за расформирање на СС

August 20, 2024
1 min read

Мицкоски и Дамева седнаа на заедничка маса. По јавниот повик на Премиерот за идеи и предлози како да се реформира правосудниот систем денеска на иницијатива на Претседателката на судскиот совет се одржа средба во Владата, но нема одговор – какви конкретни предлози биле изложени на маса.

Дамева по средбата која траеше помалку од еден час, на прес конференцијата одби да одговара на прашања, а во кусата изјава порача дека граѓаните заслужуваат правна држава и дека се надева дека денешната средба ќе вроди со плод.

Весна Дамева – Претседателка на Судски совет

„Средбата беше иницирана од Судскиот совет, з дадеме конструктивни предлози за враќање на довербата во судството. Судската и извршната власт сметам дека не треба да се гледаат како соперници, туку како соработници, бидејќи таа институционална соработка е важна за наредните резултати. Граѓаните заслужуваат, а ние треба да обезбедиме правна држава. А тоа може да се стори со меѓуинституционална соработка и преземање дејствија во рамки на својата надлежност “

Премиерот Мицкоски пак порача дека останува на ставот дека Судскиот совет како и Советот на јавни обвинители треба да се распуштат, но рече дека е отворен да слушне идеи и доколку идеите се добри да се имплементираат. Не очекува брзи резултати, но очекува напредок.

Средбата се одржа во време кога судството особено последните денови повторно предизвика контроверзи во јавноста по одлуките на кривичниот судија Пајазит Пајазити, во случаите со поранешниот борец на ОВК Рамадани и со поранешниот јавен правобранител и министер за правда Мемети. Поради тоа за Пајазити, судскиот совет во петокот формира комисија која треба да утврди дали тој во овие случаи постапил законски и објективно.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По објавата дека Барселона бесплатно го пушта Гундоган се огласи Тони Крос (ФОТО)

Следно

Продолжен притворот на осомничените за нападот во Бањска во северно Косово во септември 2023 година

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop