Мицкоски ги предлага Тошковски за министер за внатрешни работи, Муцунски за надворешни, Димитриеска Кочоска за финансии

June 16, 2024
1 min read

Досегашиот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за министер во овој ресор,  за надворешни работи и надворешна трговија актуелниот градоначалик на Општина Аеродром Тимчо Муцуски, а за финансии  потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Кочоска Димитриеска.  Мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва соопшти имиња на 15 кандидати за членови на Владата од коалицијата „Твоја Македонија“ откако претходно за нив добил едногласна поддршка од Извршниот и Централниот комитет на партијата. Генералниот секретар на владата ќе биде предлог од ВМРО-ДПМНЕ, а како што рече, привршуваат преговорите со коалициските партнери за другите ешалони. 

Во ресоротот одбрана Мицкоски за министер го предлага Владо Мисјаловски,  пратеник и поранешен министер за транспорт, за вицепремиер и министер за транспорт  партискиот потпретседател Александар Николовски, за информатичко општество и дигитална трансформација досегашниот дополнителен заменик министер во овој ресор Стефан Андоновски, а Златко Пирински министер за локална самоуправа.

Во новоформираното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини е предложена Сања Божиновска, актуелен член на ИК и експерт во енергетиката, Цветан Трипуновски во земјоделство, шумарство и водостопанство,  професорката Весна Јаевска во образование и наука, во култура и туризам актерот Зоран Љутков, за спорт ракометарот Борко Ристовски.  

Предлог за вицепремиер за политички систем  е Љупчо Димовски, лидерот на коалицискиот партнер на Социјалистичка партија, Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите за односи со заедниците , Шабан Салаиу за интеграција и имплементација на декадата на Ромите.

-Во овие луѓе кои ги предлагам имам голема надеж и заедно не чека многу работа. Мора да ги засукаме ракавите од првиот ден бидејќи состојбите се очајни, рече Мицкоски, истакнувајќи дека при изборот на кадровскиот потенцијал се водел од принципите за чесност и посветеност кои целосно ќе се вложат во реализација на зацртаните цели.

Идната влада ќе ја сочинуваат Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и ЗНАМ за наша Македонија. Предлог составот и програмата на владата Мицксоки ќе ги достави до Собранието задутре, по што треба да биде закажана собраниска седница за избор на новиот владин кабинет.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УЕФА покрена дисциплинска постапка против Фудбалската федерација на Албанија

Следно

Англија ја победи Србија со голот на Џуд Белингем

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop