Мицкоски: Експертите велеа дека најмалку седум дена ќе се гасне пожарот во Трубарево, благодарение на координираноста на институциите го изгаснавме за 30 часа

September 15, 2025
2 mins read

Премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител ТВ говорејќи за последните случувања со пожарите на депониите истакна дека за пожарот во Трубарево експертите кажувале дека се потребни најмалку 7 дена да се изгаси, но со здружена акција на институциите истото се среди за помалку од 30 часа и додаде дека институциите делуваат и државата ќе се справи со овие предизвици.

„Во Трубарево нема чадење уште во текот на вчерашниот ден, а ако одите од првиот ден наназад и направите анализа, тогаш ќе добиете информација од страна на овластени лица за таа цел во којашто тие велеа тогаш дека најмалку ќе ни требаат 7 до 10 дена за да се стави целата работа под контрола, но со организирана активност на институциите заедно со пожарникарите за помалку од 30 часа се стави состојбата под контрола, односно веќе немаше чадење.“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски посочи дека верува дека во Трубарево работата е завршена и дека има одреден слој на земја кој го има покриено сметот кој гореше и состојбата е стабилизирана, додека параметрите на загадување се далеку од тие кои се обидуваат со шпекулации и невистини да ги соопштува во јавноста опозицијата и не се животозагрозувачки како некој што се обидува тоа да го каже, посочувајќи дека ова не го кажува за да го оправда пожарот, туку да внесе мир и спокој кај граѓаните бидејќи тоа што се обидува опозицијата да го направи е да внесе немир, а реалноста е сосема поинаква.

„Во Вардариште, таму имаме веќе агенција која го обезбедува периметарот на депонијата која почната е да се создава веднаш по земјотресот во Скопје, значи тоа е проблем стар повеќе од 5 децении. И конечно останува Дрисла, денеска сум на линија со луѓето кои таму се обидуваат да го решат проблемот и некаде околу 95% е намалено чадењето и очекувам во текот на утрешниот ден и таму да биде решена целосно состојбата. Така што можам да кажам дека со здружена акција на институциите, овие три жаришта се решени иако ниту едно не е надлежност на државата, посебно тука зборувам за Дрисла.“, нагласи премиерот Мицкоски.

Во однос на одговорноста, премиерот Мицкоски посочи дека за таа цел околу десетина луѓе од раководната служба на Дрисла се повикани на разговор во СВР Скопје, се анализираат нивните изјави и исто така се очекува во текот на утрешниот ден да дадат искази како кога настануваат пожарите дел од опремата на Дрисла оди на сервис и е неподготвена за предизвиците и како луѓето земаат боледување, а активисти блиски до СДСМ и ДУИ ја посетуваат Дрисла.

„Така што сето ова во периодот кој следи ќе биде истражено и ако некој мисли дека ќе помине неказнет, тогаш се лаже. Што се однесува за Трубарево таму четири лица се приведени и има притвор, а исто и со приведените за Вардариште за кои е одреден притвор.“, истакна премиерот Мицкоски.

Премиерот додаде дека од Министерството за животна средина е издадена наредба до инспекторатот за вонредна контрола за сите депонии кои имаат лиценца, дали работат по закон, ако не работат да биде одземена дозволата, а за дивите депонии се задолжени општините да ги исчистат.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити донесе итна мерка за затворање на депонијата во Никуштак

Следно

Рома без Дибала во дербито на Рим

Latest from Blog

„Меморија“ низ музички времеплов во МКЦ: Прес, изложба на фотографии (1983-2025) и „Аll stars“ концерт

Легендарната македонска поп-рок група „Меморија“ по досега најголемиот македонски концертен спектакл во арената „Борис Трајковски“ минатата година, реши со двојно изненадување да ги почести своите најверни фанови пред да ја заокружи 2025

Нова теорија: Вулканска ерупција предизвикала домино-ефект и ја донела чумата од 14 век во Европа

 Со предизвикување постуден  период на Медитеранот, ерупцијата создала домино-ефект што довел до уништување на земјоделските производи, поради што трговците биле принудени да увезуваат жито преку Црното Море, а со тоа и да

Ужасни вести од Јужна Америка: Убиство на репрезентативец на Еквадор

Трагични вести пристигнуваат од Јужна Америка. Еквадорската полиција соопшти дека во вооружена престрелка убиен е 33. годишниот Марио Пинеида инаку фудбалски репрезентативец на оваа земја, кој што во моментов беше дел од

Промовиран „Еко-иновациски хаб“ на Економскиот факултет – Прилеп: образование, иновации и циркуларна економија во пракса

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес присуствуваше и се обрати на завршниот настан на проектот „Еко-иновациски хаб“, кој се реализираше со поддршка на Министерството за животна средина
Go toTop