Мицкоски: Да не се прават комбинаторики, изборите да се спојат и да не се прави дополнителен трошок на буџетот и граѓаните

November 4, 2023
1 min read

реклама


При денешната посета на општина Прилеп во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали постои комуникација на било кое ниво со власта  и дали има напредок за датум за избори како и тоа дали е за споени претседателски и парламентарни избори, истакна дека постои комуникација со СДСМ во рамките на парламентот во однос на препораките на ОБСЕ/ОДИХР за изборниот законик а ставот на ВМРО-ДПМНЕ за изборите е јасен тие треба да бидат споени и претседателски и парламентарни на еден трошок.

„Што се однесува до комуникација со СДСМ во рамките на парламентот има средби на кои што се дискутира изминативе неколку денови околу техничките препораки и  техничките измени во изборниот законик кои што се дел од препораките на ОБСЕ/ОДИХР и ценам дека тоа треба час поскоро да се заврши бидејќи веќе доцниме веќе сме влезени во фаза 6 месеци пред избори и мислам дека веќе следната недела ќе има сериозен напредок на таа тема. Исто така очекувам и дефинирање на датум за избори, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека изборите треба да бидат заедно да не ги трошиме дополнително парите на граѓаните затоа што ние немаме право да ги трошиме крваво заработените пари на народот. Тоа што некој се обидува преку примитивни би рекол политички логики и комбинаторики повторно сето тоа да го стави на трошок на граѓаните тоа е негов проблем. Но јасен е ставот на јавноста, ставот на граѓаните и ставот на ВМРО-ДПМНЕ, избори треба да има на еден трошок, од еднаш, споени и претседателски и парламентарни за неколку месеци од денес“, нагласи Мицкоски.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пропалестински собир пред седиштето на Би-би-си во Лондон

Следно

Протест пред седиштето на Мета во САД поради цензурата на содржините за Палестина

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,
Go toTop