Мицкоски чека, Желјазков во офанзива – наместо потврда Бугарија активира друг дипломатски терен

June 14, 2025
1 min read

Мицкоски чека одговор, Желјазков во офанзива – Бугарија го смени дипломатскиот терен од Брисел во Стразбург. 

Премиерот Мицкоски изјави дека вчера и денеска е во комуникација со Европската Комисија и дека е одреден дури и предлог термин за средба меѓу Сиљановска и Желјазков на маргините на НАТО Самитот во Хаг. Сепак, последниот збор ќе го има Софија, за реализација на идејата на претседателот на ЕС Антонио Кошта. 

Христијан Мицкоски премиер – Имаме комуникација со канцеларијата на Европската комисија и вчера и денес. Сè уште немаме повратен одговор. Има предлог термин, да почекаме да се изјаснат од бугарската страна.

И додека Македонија чека, Бугарија веќе е на друг терен. Желјазков одигра дипломатски потег во Советот на Европа. На средба со Теодорос Русопулос претседателот на Парламентарното собрание на Совет на Европа, побарал да се заштитат правата на бугарската заедница во земјава. На официјална страница на бугарската влада стои дека Желјазков порачал дека нема да се дозволи Советот на Европа да се користи , како што велат – за антибугарска кампања. 

Влада на Република Бугарија – Премиерот Росен Жељазков, ја нагласи суштинската улога на ПССЕ во областа на правото, човековите права и демократскиот развој. Премиерот ја истакна важната улога што Советот на Европа треба да ја игра во заштитата на правата на бугарската заедница во Република Северна Македонија. Жељазков изрази уверување дека нема да се дозволи висок форум како што е ПССЕ да се користи за антибугарска кампања.

Вчера шефицата на држава Сиљановска изјави дека очекува европска креативност за деблокада на евроинтеграциите и дека е спремна да разговара на ниво претседател – премиер со Желјазков, на маргините на НАТО Самитот. Скопје сака разговори со Софија, но нема да отстапи од државните позиции, изјави шефот на дипломатијата Муцунски и порача дека ова му го пренел и на бугарскиот министер Георг Георгиев на телефонскиот разговор пред три дена. 

Во меѓувреме Бугарија изгласа резолуција во парламентот, со која ги зацврсти позициите кон Скопје. Георг Георгиев и официјално му ја пренел одлуката на Муцунски, а истата и беше и врачена на македонската амбасадорка во Бугарија- Агнеса Руси. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателот Ердоган разговараше по телефон со саудискиот престолонаследник Салман

Следно

Голем пожар во Дубаи: Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе

Latest from Blog

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop