„На влезот во Пехчево навистина не можевме да видиме луѓе. Го памтам овој крај, го памтам за викенди полна чаршија од луѓе, улиците по градот полни со деца кои играат разно разни игри. Денеска, за жал е една пустелија која се пресликува не само во Пехчево, туку во целата Малешевија, Пијанец па и Виница и Македонска Каменица како дел од овој регион“, истакна членот на ИК и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната трибина Дебати за Македонија – „Иселување и демографија – предизвик за Македонија“ во Општина Пехчево.

Тој потенцираше дека мора да се констатира дека истокот е празен, меѓутоа истокот е празен поради системските грешки кои се случуваат изминативе 7 години.

„Оваа власт влезе, ја доби власта со еден лажен слоган „За живот“ преку којшто ветуваше подобар живот за сите граѓани и затоа граѓаните поверуваа и влегоа во приказната на социјалдемократскиот сојуз и живот. Се наоѓаме во 7 година на власта која нема стратегија како да се движи. Во овие 7 години променети се 3 министри за финансии, во моментот кога дојдоа таму се и основите на промашувањата на оваа власт, рекоа дека ќе го тргнат рамниот данок, тој данок покажа резултати во Македонија затоа што со вложувањето на добивките на бизнисот во државата се правеа нови економски зголемени капацитети во коишто се запослуваа граѓани, за да по една година со промена на министер да се променуваат и економските политики на таа власт која на ден пред Нова Година и почеток на фискална година реши да го воведе прогресивниот данок. Нема стабилност за бизнисот, граѓаните, банките затоа што сериозни бизнис компании прават десет годишни, повеќе годишни планови за инвестирање, се донесовме во ситуација да сакаат да воведуваат прогресивен данок. Кога реагираше бизнисот тоа го ставија во мирување одреден временски период што значи дека не стојат на мерките планирани односно реагираат импулсивно по реакција од граѓани“, посочи тој.

Мицевски констатираше дека денешните законски решенија кои власта ги нуди се само реакција од граѓаните. Кога одреден сектор ќе реагира и ќе застане, односно ќе каже дека има проблеми тогаш се власта измислува ад-хок мерки со кои моментално се купува мир, но тоа не е решение кое Македонија ќе ја води во правилна насока.

Еден од тие буџети го нарекоа инвестираме во човечкиот капитал. Човечкиот капитал не се само луѓето, човечкиот капитал се и условите во кои живеат и творат тие луѓе, за жал теоријата ја имаат затоа што донесоа и стратегија повеќегодишна за човечкиот капитал, за развојот на човечкиот капитал меѓутоа во пракса се случува сосема спротивно затоа што нема семејство во Малешевијата, Пијанец, но нема семејство ни во Македонија каде младото работоспособно население не размислува и не ја напуштило Македонија. Зошто? Затоа што младите луѓе се разочарани, затоа што возрасните знаат што се случува, затоа што не гледаат перспектива и иднина и тоа е тоа што и фали на оваа држава“, рече Мицевски.

Тој додаде дека се уништени програмите и мерките за многудетни семејства.

Фалат стабилен човечки потенцијал и фалат мерки долгорочни кои ќе ги понуди ВМРО-ДПМНЕ и фали судство во кое ќе веруваат граѓаните. Фали општество во кое граѓаните ќе веруваат. СДС и ДУИ го имаат рецептот за уништување на една држава. Тоа го гледаме на дневно ниво и во законите што се преточени во Собранието, а тоа е ад-хок реакции по реакција на одредена сфера, стопански субјект, одредена стопанска комора или одреден дел од општеството“, вели тој.

Мицевски истакна дека на Македонија во наредниот период и е потребен ресет на секое ниво.

Приоритети во Собранието се друго само погледнете кои закони се носат со европско знаменце и ќе знаете каде се движи државата. Тоа е законот за игри на среќа, законот за до пред одреден временски период за отворање на фабрики на марихуани, тоа е размислувањето на ова власт. Тие гледаат како да дојдат до брзи пари, како одредени луѓе кои влегоа сиромашни во политиката за 7 годишен временски период излегоа милијардери и тоа ќе биде една од обврските на ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период да направи ревизија и потекло на имотот на граѓаните во Република Македонија. Законско решение кое не само да го ветуваме, туку и во пракса да го преточиме затоа што граѓаните сакаат сигурна држава, правна држава која ќе нуди правна сигурност на секој еден граѓанин. Довербата во судството од минорни 1% во кои се доведовме е причина затоа што оние кои делат тендери и ја имаат политичката моќ во една држава се заедно затоа и судството ни е комплет на она кое што ни е, кажа Мицевски.

Тој додаде дека овие 7 години власта на СДС и ДУИ не донесоа на позиција на која сме.

Регионалниот рамномерен развој не се практикува секаде исто. Рамномерниот регионален развој го немаме во Источна Македонија, Малешевијата, односно го имаме селективно затоа што во општините каде имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ помошта и она што законски е обврска на државата не се испраќа кон градоначалниците. Знам каква мака има градоначалникот кој се наоѓа во средина, а тоа е градоначалникот Александар Китански од Пехчево за добивање на редовни донации и редовни средства кои му следуваат за разлика од градоначалниците од Берово и Делчево. Истото е во Македонска Каменица и Виница и затоа изразувам голема благодарност до овие градоначалници кои смогнуваат сили и покрај опструкциите што ги имаат на дневно ниво од централната власта да успеваат да сработат нешто, дециден е тој.

Мицевски се надева дека со брзата промена на власта во краток временски период ќе успеат тие средства кои ги следуваат овие општини редовно да ги сервисираме за да можат истите малку покомотно да успеваат да ги реализираат сите оние активности кои требаат.

Регионалниот рамномерен развој не само во источна Македонија, се чувствува односно неработењето на оваа власт и во западна Македонија иселување за кое зборуваме тука и демографските показатели и индекси се случуваат насекаде низ Македонија. Факт на тоа е лошото менаџирање на оваа Влада и решение за целата таа работа е брза промена на оваа власт, кажа тој.

Мицевски изјави дека во Македонија еден од клучните ресурси е човекот и околу него треба да ги поставиме сите оние мерки кои следуваат.

Многу е комплексен целиот овој процес. Мораме да размислуваме прво граѓаните, младите луѓе да ги задржиме, дел од нив да успееме со подобрување на економијата да ги вратиме. Да воведеме нови мерки карактеристични за секој регион. Да ги подобриме земјоделските и ИПАРД проектите во Источна Македонија и Малешевијата. Да се размислува за планинскиот и еко туризам. Да се подобрат инфраструктурните состојби во Македонија, здравството затоа што оваа општина мака мачи со здравствени услуги. Да се подобри образовниот капитал затоа што последните 2 години учебници нема во цела држава, да се обрне внимание на социјалниот аспект и едноставно луѓето да почнат да живеат квалитетен живот“, заклучи тој.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.