Митровденска задушница – спомен за починатите

November 1, 2025
1 min read

Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите.

Црквата пропишала посебни денови во годината – задушници, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените.

На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните и се молат за покој на душите на упокоените.

Митровденската задушница секогаш паѓа во саботата пред празникот Митровден. Митровденската задушница е востановена во XIV век и најпрвин била руска традиција, од каде преминала и во повеќето православни цркви. На оваа задушница, во прво време биле спомнувани само православните војници, меѓу кои биле и двајцата монаси Александар Пересвјат и Ослабја од Московската обител на Живоначалната Троица кои паднале на браникот за верата и татковината. Димитриј Јованович Донски, откако ја извојувал победата во битката со Мамаите на Куликовското поле во 1380 година, во која загинале и двајцата спомнати монаси, ја посетил нивната света обител за таму да учествува во извршувањето на поменот за нив. Притоа тој предложил Црквата да го прави овој помен секоја година во Митровденската сабота, односно во онаа сабота која е најблиску до празнувањето на св. вмч Димитриј (08 ноември).

Од тоа време Црквата ја приброила оваа задушница во вселенските родителски саботи, а нешто малку подоцна востановила во оваа сабота да се извршува помен не само за паднатите за верата и татковината војници, туку и за сите починати воопшто.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вкупно 422 болни и изнемоштени лица и тројца затвореници денеска гласаат за градоначалник на Струга

Следно

Дрон предизвика доцнења и пренасочувања на летови на аеродромот во Берлин

Latest from Blog

Сведокот Марковски: Задниот излез во дискотеката бил нефункционален по реновирањето

Сведокот Петар Марковски на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 луѓе, а над 210 беа повредени, рече дека видел како огнените прскалки го запалиле плафонот

Француска и јапонска компанија заинтересирани за хидроцентралите Чебрен и Галиште

Француска и јапонска компанија се обратиле до Министерството за енергетика со интерес за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште, објави министерката за енергетика Сања Божиновска. Таа потенцира дека, иако најдобро би било

Димитриеска-Кочоска: Нелегално стекнатиот имот ќе се враќа во корист на граѓаните

Денеска беше одржана конститутивната седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, тело кое, според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, има силна практична тежина во борбата против финансискиот криминал.

Култура со европска одговорност: Објавен е првиот конкурс за културно-уметнички проекти за „Скопје-Европска престолнина на културата 2028“

Скопје 2028 не се гради само со визија, туку со работа, огромна посветеност и доверба. Токму затоа, Градот Скопје го објави првиот јавен повик за финансирање на културно-уметнички проекти во рамки на
Go toTop