Митрополитот на Вселенската патријаршија Кирил не се сретнал со поглаварот Стефан, но за автокефалноста на МПЦ ОА разговарал со владиката Тимотеј

October 5, 2023
2 mins read

Како што денеска посочи владиката Тимотеј, конкретни чекори не биле прецизирани, но посетата на митрополитот Кирил се смета за знак дека Вселенската патријаршија е на страната на МПЦ ОА

ФОТО: МПЦ-ОА

Надеж и желба за што поскоро добивање на томосот за автокефалноста од Вселенската патријаршија и со тоа официјално признавање на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ ОА) биле главните теми на разговор меѓу митрополитот Кирил од Вселенската патријаршија и владиката Тимотеј, од Дебарско-кичевската епархија на МПЦ ОА.

Владиката Кирил, воедно и еден од повлијателните тамошни владици, неколку дена беше во официјална посета на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Фото: МПЦ-ОА

Официјална средба имал со владиката Тимотеј, надлежен за Дебарско-кичевската епархија, но не и со Архиепископот Стефан, поглаварот на МПЦ ОА.

Од кабинетот на архиепископот кусо одговорија дека овој пат средба со митрополитот Кирил не се случила, но дека таква можност имало пред околу два месеци.

Сепак, за официјалното признавање на автокефалноста на МПЦ ОА од страна на Вселенската патријаршија разговарал со владиката Тимотеј. Надежта и желбата за скоро решавање на автокефалниот статус на МПЦ ОА биле главна тема на заедничките средби.

Како што денеска посочи владиката Тимотеј, конкретни чекори не биле прецизирани, но посетата на митрополитот се смета за знак дека Вселенската патријаршија е на страната на МПЦ ОА.

„Конкретни датуми и чекори не прецизираме. Желба постои од двете страни. Кога ќе имаме официјална постапка, јавноста ќе биде известена“,

рече г. Тимотеј во изјава за „360 степени“.

Дебарско-кичевскиот митрополит Тимотеј и митрополитот на Имврос и на Тендос, г. Кирил, од Вселенската патријаршија, заедно со свештеници на МПЦ ОА со заедничка литургија го одбележале денот на светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид.

Според официјалното соопштение на веб-страницата на Дебарско-кичевската епархија, митрополитот Кирил посочил дека патот што ѝ претстои на МПЦ ОА (Охридската архиепископија) е трнлив, но верува, исто како и патријархот Вартоломеј, дека сето тоа ќе се надмине со помош на митрополитот Тимотеј.

„Вселенскиот патријарх ги пренесува својата братска љубов и прегратки, лично до митрополитот Тимотеј, и му ја пренесува целата почит, која сите во Фанар ја имаат за него. Денешните доблести и славенички, Вера, Надеж и Љубов, се молат г. Тимотеј да продолжи по истиот пат како и досега, да се залага за издавање на Томос за автокефалност од страна на Вселенската патријаршија“,

рекол митрополитот Кирил.

Митрополитот Тимотеј, пак, се заблагодарил за сета досегашна ангажираност и волја со љубов да се разреши нашето црковно прашање, а изразил надеж дека Вселенскиот патријарх и понатаму сесрдно ќе се ангажира за целосно признавање и сеопшто прифаќање на МПЦ ОА.

Вселенскиот митрополит му предал на владиката Тимотеј копија од иконата Достојно ест, најчудотворната икона на Пресвета Богородица на Света Гора.

Инаку, во мај 2022 година беше донесена историската одлука на Вселенската патријаршија да ја врати во канонско единство МПЦ ОА.

Еден месец подоцна Српската православна црква издаде томос за автокефалност, што беше оценето како документ за согласност дека МПЦ ОА е достојна да биде во ист ранг со останатите цркви во православниот свет.

Веднаш потоа се случи првото заедничко сослужување на архиепископот Стефан со вселенскиот патријарх Вартоломеј во Фанар во седиштето на Вселенската патријаршија.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Слабеење ни под разно!

Следно

Зоран Коцевски: Министре Јетон Шакири, погледај го народот, послушај го народот, прстот на чело и размисли добро што одлука ќе донесеш

Latest from Blog

Меџити: Заедничкиот развој и стабилноста се во интерес на Македонија и Косово

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во Старата скопска чаршија ја пречека претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу. На средбата разговараа за добрососедските односи, институционалната соработка и

Над 11 милиони денари промет на Македонската берза, најтргувана Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 27.10.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.858,11 поени. Во

„Кромберг и Шуберт“ и Германската стопанска комора ја зајакнуваат соработката во Битола

Фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Битола ја посетија директорката на Германската стопанска комора во Северна Македонија, Антје Ванделт, и заменик-директорката Лара Крстева Ичоќаева. За време на работната посета се одржал состанок

Коњановски: Енергетска фасада и нов систем за греење за ОУ „Стив Наумов“ во Битола

Во битолското ОУ „Стив Наумов“ денеска беа извршени примопредавање и технички преглед на поставените топлински пумпи, кои треба да го заменат досегашното греење со екстра лесно масло. Во присуство на градоначалникот на

„Фајненшел тајмс“ предупредува на недостиг на бакар од 2028 година – Македонија има значајно наоѓалиште во Иловица

Светот се подготвува за недостиг на бакар што може да ги погоди некои од најважните индустрии, од обновливите извори на енергија и електричните автомобили до вештачката интелигенција и одбранбениот сектор. Во анализа
Go toTop