Митревски: Владата веднаш да престане да преговара со Трендафилов, нелегитимно се претставува како претседател на ССМ

March 6, 2025
2 mins read

Владата и институциите веднаш да престанат да преговараат со Слободан Трендафилов кој нелегитимно се претставува како претседател на ССМ, а Обвинителството да покрене постапка по допрен глас зашто фалсификувал документи, вели поранешниот претседател Живко Митревски, кој потенцира дека  тој лажно се претставувал како лице за застапување и потпишувал документи за свикување конгрес на кој наводно бил избран

Митревски, кој во февруари годинава ја обелодени судската пресуда од Основниот граѓански суд – Скопје по неговото тужбено барање дека е незаконски сменет, тврди дека е се уште претседател на ССМ и бара да биде впишан во Централниот регистар. Тој денеска, на прес-конференција, укажа дека и Централниот регистар постапил спротивно на закон во постапката за негова смена од прв човек на ССМ, а тоа го правела и Тања Чочоровска Илиевска иако била советник за правда во Кабинетот на поранешниот премиер Зоран Заев. Од овие причини, Митревски побара неотповиклива оставка на Чочоровска Илиевска од актуелната функција – член на Судскиот совет.

 

 

Според Митревски, поради сегашното раководство, ССМ прв пат е доведено во ситуација да ја докажува својата репрезентативност, а донесен е и катастрофален Закон за минимална плата. Митревски рече и додека бил претседател, на сметката на ССМ имало над 650 000 евра, а во моментов, едно од претпријатијата во рамки на Сојузот не може да им исплаќа плати на своите вработени.

„Владата и сите други институции во моментов преговараат со нелегитимен и самопрогласен претседател на ССМ. Министерството за економија кое е надлежно и ги има сите документи, веднаш треба да постапи и да ги поништи решенијата за упис на Трендафилов за претседател на ССМ. Најновите сознанија потврдуваат дека фалсификувал, лажно се претставувал како лице за застапување и потпишувал документи за свикување конгрес на кој наводно бил избран. Неговиот упис како лице за претставување и овластување е направен на 17 јули 2023 година во Централниот регистар, а правел конгрес на 30 јуни, што укажува дека целокупната постапка е нелегитимна. Согласно Законот, ниту едно лице кое не е претседател или в. д. претседател не може да свикува конгрес. Како Трендафилов свикал конгрес, а не бил ниту претседател или в.д. претседател, објасни Митревски.

Според него, постојат две решенија според кои Трендафилов е одбиен од Министерството за труд и социјална политика со оглед дека не ги исполнувал условите да биде претседател.

„Првото решение е за негово одбивање да биде претседател на Грански синдикат за трговија, а со второто се одбива барањето на ССМ за негов упис зашто, како што констатирала поранешната министерка Тренчевска, Трендафилов не бил претседател на грански синдикат и од тие причини не можел да биде ни претседател на ССМ“, рече Митревски.

Обвини и дека е направен „огромен грабеж“ во ССМ.

„Записниците на трудовата инспекција јасно покажуваат дека Трендафилов не може да биде член на претседателството на ССМ, а оттука и именуван за в. д. претседал, како и да спроведува конгрес. Слушаме деновиве дека менувал Статут, но и десет статути да смени, не може да го елиминира тоа што го утврдиле трудовата инспекција и ресорното Министерство. Инаку, станува збор за грабеж на огромни средства по мојата смена. На сметките на ССМ беа оставени над 650000 евра, а во моментот едно од претпријатијата во рамки на ССМ не може да исплаќа плати или исплаќа плати на границата на минималните. Се поставува прашањето каде се одлеани средствата. Цинично и иронично е да зборувате за високи плати, а на сопствените вработени да им исплаќате минимална плата“, истакна Митревски.

Тој се осврна и на минималната плата, напоменувајќи дека ССМ предводено од Трендафилов направил катастрофални потези.

„Наместо да утврдат во измените што ги прифатија дека процентите за минималната плата треба да бидат поврзани со сто отсто од инфлацијата која рапидно расте посебно во услови на криза, тие прифатија утврдување коефициент за утврдување минимална плата со 50 отсто од зголемувањето на инфлациајата. Ова е еден од основните проблеми што го направија и затоа имаме такво законско решение. Потпишаа и Колективен договор за јавен сектор во кој не се утврдуваат коефициентите, туку се препорачува во декември тековната година да бидат утврдени со спогодба. Никаде во светот нема таква работа. Со Колективниот договор се утврдуват коефициентите. Замислете, ако не се утврдат коефициентите со спогодба, ќе била употребена методологија од Владата. Тогаш зошто се синдикатите? Катастрофални потези кои доведоа до страшно девалвирање на позицијата на ССМ“, нагласи Митревски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Агрон Речи: Кривичната пријава против мене е отфрлена бидејќи немаше докази дека сум сторил кривично дело

Следно

Претседателот на Европскиот совет: Безбедноста на Европа и Украина се испреплетени

Latest from Blog

Спасување на патници од жичарница: Показна вежба на специјалните единици (ВИДЕО)

Денеска во Скијачкиот центар Маврово во организација на Македонското здружение на спасители во скијалишта се одржа показна вежба со сценарио „Евакуација од жичарница“. Во рамки на показната вежба тимови од МВР од

Мицотакис: Време е за големи одлуки за Европската Унија

Дојде времето за големи одлуки за Европската Унија, истакна грчкиот премиер Киријакос Мицотакис при пристигнувањето на вонредниот Европскиот совет во Брисел, паралелно изрази задоволство бидејќи, како што нагласи и Грција и тој

Експресно се одложија рочиштата за судските процеси за незаконското назначување директори во струшките училишта

Со полициска асистенција ќе се носат сведоците на следните рочипта во судските процеси за незаконското назначување директори во струшките училишта од страна на градоначалникот Рамиз Мерко откако денеска ниту еден од повиканите

Туркијe: Мирот и стабилноста во Босна и Херцеговина се можни „со здрав разум и воздржаност“

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије денес ја истакна својата силна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, нагласувајќи дека зачувувањето на мирот и стабилноста во земјата е можно „со разум
Go toTop