Митева: Власта да престане со закани кон пратеници и да се соочи со реалноста дека нивниот крај е неизбежен

January 20, 2023
1 min read

Владата на Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ е позната по своето недемократско однесување, по својата подмитливост, притисоци и политички хајки. Методите на закани се употребуваат на секое ниво. Прво кон медиумите што го видовме сите на дело пред само неколку дена, а еве деновиве и врз нивните членови кои не се согласуваат со политиките на раководството предводено од Ковачевски. Јасна е нивната цел, сакаат преку ваквите методи по секоја цена да ја задржат моќта и власта, но и да ја покријат корупцијата чиј што лидери се токму тие, СДСМ и ДУИ, истакна на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Митева:

Залудно се трудат да вршат притисок врз било кој пратеник. Тоа е само уште една потврда за недемократските методи со кои се служи на власта. Доколку власта е свесна за своите порази, доколку мисли добро на сите граѓани тогаш без размислување ќе го распушти Собранието или Ковачевски ќе поднесе оставка на целата влада, затоа што тоа е единствениот разумен и логичен исход на ова што ни се случува. Веќе пет години имаме неодржлива ситуација, имаме влада без стабилно мнозинство и влада која дополнително нема легитимитет. Оваа влада нема капацитет да се носи со кризите кои самата ги создаде, а најмалце со политичката криза.

Почитувани,

И ова што го прави власта е само одложување на неславниот крај на Владата кој ќе се случи порано или подоцна, или вистинското прашање не е дали, туку прашањето е кога оваа влада ќе падне.

Во Македонија, политичката криза се продлабочува, се тоа е резултат на погубните политики кои ги водат, криминалот, корупцијата и подредената позиција во власта. Порачуваме власта да престане со притисоци и да се соочи со реалноста дека нивниот крај е неизбежен.

Очигледно дека Социјалдемократскиот сојуз и Ковачевски сфатија дека ја изгубиле поддршката на мнозинството граѓани, но сега гледаат дека немаат поддршка ниту од членството ниту од одредени пратеници на мнозинството. Доаѓа времето на промена на власта и одговорност, рече Митева.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гроси: Нуклеарната централа во Запорожје се уште е во опасност

Следно

Напад врз американската база Ал Танф во Сирија

Latest from Blog

Се урна авион „Су-30“ (ВИДЕО)

Екипажот се катапултирал, а животите на пилотите не се во опасност, соопшти руското Министерство за одбрана. „Денес, на 21 октомври, авион ’Су-30‘ се урна за време на планиран тренажен лет во Калининградската

Општина Битола: Со јапонска поддршка унапредена училишната инфраструктура

Во ООУ „Св. Климент Охридски“ во Битола заврши реконструкцијата на дел од кровната конструкција, реализирана со финансиска поддршка од Амбасадата на Јапонија во вредност од 80.314 евра. Донацијата придонесува за подобри и

Го фати Јамал за врат, два пати го удри со глава, а сега ја дозна казната (Видео)

Факундо Бернал е фудбалерот на Бетис кој не го дочека крајот на дуелот против Барселона, откако беше исклучен во второто полувреме. Уругвајскиот интернационалец падна на провокацијата и потоа го нападна Ламин Јамал,

Николоски на терен со работниците: Одличен напредок на автопатот Охрид – Кичево

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на работниците ангажирани на изградбата на автопатот Охрид – Кичево оцени дека работите напредуваат одлично. „На терен со вредните работници кои
Go toTop